Реклама
ПортретиХоливуд

Приказната за големиот успех на брендот што го обожаваат Меган Маркл и Кејт Мидлтон

Реклама

Канадскиот бренд „Smythe“ се прослави на светско ниво откако Меган Маркл се појави во парчиња со нивниот потпис.

Основачите на овој бренд открија како сé поголемиот интерес за Меган на светската јавност допринесе за сé поголема популарност на нивниот моден бренд. Имено, кога Меган Маркл во 2015 година се појави на насловната на канадскиот магазин „The Bay St Bull“ најверојатно ни на крај памет не и беше дека наскоро ќе биде дел од кралското семејство, а и основачите на канадскиот бренд Smythe, Андреа Ленцнер и Кристи Смајт, не можеа да замислат дека еден ден најпопуларната војвотка на светот ќе ги носи токму нивните креации. Но кога овој магазин се појави на полиците дизајнерките беа изненадени и пресреќни што една позната актерка носи токму нивен капут.

Маркетинг

Но тие светската популарност ќе стекнат дури откако Меган како идна сопруга на принцот Хари ќе почне да се појавува во нивната облека. И како растеше интересот на јавноста на новата девојка на принцот Хари, која неодамна стана и негова сопруга и војвотка од Сасекс, интересот и за нејзиниот избор на облека се повеќе растеше во медиумите, но и во очите на претставничките на понежниот пол од целиот свет.

Маркетинг

Набргу сé што ќе облечеше Меган се продаваше со брзина на светлината, а таа секогаш радо избираше мали, не многу познати брендови на кои им помогна да го изградат своето име на светскиот пазар.

Токму тоа се случи и со модниот бренд „Smythe“ кој постои 12 години, но дури сега ги дочека своите пет минути. Тие до неодамна беа достапни само на канадскиот и американскиот пазар, но наскоро ќе стигнат и во ланецот модни куќи „Harvey Nichols“ кои ги има во Велика Британија, а можат да се најдат и на полиците во продавниците на „Farfetch“.

 

Меган во последната година откако интересот за неа е неверојатно голем, во облека на овој канадски бренд се појави неколку пати. Таа по објавата дека се сврши со принцот Хари на официјалното појавување носеше сив волнен капут од „Smyth“ во комбинација со црн комбинезон од „хај-стрит“ брендот „Marks & Spencer“. И како што тоа најчесто се случува – капутот веднаш беше распродаден иако го носи со години. Прв пат на сетот на серијата „Suits“ во 2016 година во комбинација со фармерки и лоаферки. Но тогаш никој не го ни забележа капутот, изјави за Дејли Мејл Кристин Смајт додавајќи дека Меган е и како секоја нормална жена го спакирала капутот кога се пресели во Лондон.

„Кога капутот повторно го носеше во Лондон, се распродаде во две бои до крајот на денот. Почнавме да примаме нарачки од целиот свет – Азија, Јужна Америка, Европа. Врвно чувство“, вели дизајнерката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button