Преполна трпеза и луксузно декорирани велигденски јајца велигденските јајца- Празнична атмосфера во домот на Аделина Тахири

Од неа сме навикнати да гледаме само луксуз и скапа и брендирана облека, но овојпат и за најголемиот христијански празник покажа и луксузно декорирана празнична трпеза.
Аделина Тахири е една од најпознатите пејачки во Македонија која ужива во луксузот и тоа го покажува секојдневно.
Во пресрет на празникот таа сподели кратко видео и покажа украсена и празнична велигденска трпеза полна со торти и колачи во форма на јајце декорирано со златни детали и циркони.
Колачиња во форма на јајце декорирани со зајчиња, јајца украсени со циркони и еден куп велигденски декорации покажа на Аделина на Инстаграм


Најверојатно на Аделина и е омилена комбинацијата на боите бела-златна бидејќи и целиот нејзин дом е е уреден претежно во бела боја со луксузни детали во златна боја.


Аделина Тахири која во 2017 година се омажи за македонскиот адвокат Серјожа Марков, а истата година во август таа го доби својот син, прво па машко.

Радосната вест таа ја сподели на социјалните мрежи, каде нејзините пријатели и честитаат за приновата.
Аделина важи за една од најпознатите албански пејачки како во Македонија, така и во соседните земји каде што живеат Албанци, а мошне е активна и на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии.

Таа неодамна славеше роденден, но поради пандемијата не можеше да направи голема и гламурозна забава, па затоа во пижами од „Викторија сикрет“ со стотина болни, торти колачи и мечиња таа се пофали на Инстаграм и уживаше во овој ден.







