Прекарот што и го дале зборува многу за нејзиното однесување – еве како вработените во палатата ја викаат Меган Маркл
Вработените во Кенсингтонската палата за неа имаат прекар кој досега беше скриен од јавноста.
Таа официјално е војвотката од Сасекс, а неслужбено Меган Маркл. Но вработените во Кенсингтонската палата за неа имаат прекар кој досега беше скриен од јавноста.
Како што пишуваат британските медиуми, вработените во палатата смислија прекар кој совршено го опишува однесувањето на Меган. Според нив, сопругата на принцот Хари е многу слична на неговата мајка, принцезата Дајана, па затоа почнале да ја нарекуваат Ди 2.
Начинот на кој Меган се однесува кон нив и колку е едноставна и опуштена ги потсети на деновите кога во палатата живеела принцезата Дајана која и била неверојатно слична. „Слушнав дека меѓу нив ја нарекуваат Ди 2 бидејќи нејзиното однесување ги потсетува на Дајана. Мислам дека тоа е вистина и дека се слични“, изјави извор кој е запознат со животот на кралското семејство за британските медиуми.