Наши ѕвезди

Пред 5 години на истото место каде и на Тоше, згасна и нејзиниот млад живот – ова беа последните зборови на познатата хрватска актерка

Advertisement

Нејзиниот живот заврши кога имаше само 32 години …

Advertisement

По враќањето кон Загреб на 23 октомври 2013 година Долорес Ламбаша од силниот удар со автомобилот и слетувањето од патот излета низ прозорот од автомобилот. Со тешки повреди на абдоменот и внатрешните органи беше префрлена во болницата каде веднаш беше оперирана, но само неколку часа подоцна ја изгуби битката и не напушти.

Познатата хрватска филмска и театарска актерка Долорес Ламбаша трагично го изгуби животот на врвот на својата кариера. Таа се враќаше од Белград за Загреб и во 6 часот и 45 минути нејзиниот автомобил се судри со друг. Возилтоо го возеше нејзиниот колега Стојан Матавуљ со кого заедно се враќаа од Белград. Од силината на ударот и двата автомобила излетале од автопатот, а Долорес и покрај тоа што беше врзана излетала низ прозорот.

Advertisement

Не го препознав и само му кажав дека сум добро, а тој ми рече дека неговата сопатничка е тешко повредена. Тогаш видов дека некој лежи на земјата, а тој тргна до неа, клекна, и почна да ја довикува… грозна ситуација. Во меѓувреме сопреа некои возила, а за брзо време дојде и комбето на Брзата помош“, раскажуваше по несреќата за грдите сцени возачот на автомобилот со кој се судриле Долорес и Стојан.

Со тешки повреди на абдоменот и внатрешните органи, Долорес беше префрелна во болницата каде веднаш беше оперирана, но поради тежината на повредите лекарите не беа оптимистични. Само неколку часа подоцна таа ја изгуби битката. Несреќата се случи во близина на Славонски брод, речиси на истиот дел од патот кој само пет години претходно беше кобен и за Тоше Проески.

Во нејзиното последно, необјавено интервју, што Долорес го даде за хрватските медиуми, таа изјави дека единствена желба и е да биде здрава и жива

За триесет години би сакала да бидам здрава и жива. Би сакала се уште да глумам, да пловам и да ловам риба. Ма не ми треба многу на мене. Мене во животот можат да ме повредат само разочарувања. Знам која сум подготвена да направам за луѓето што успеваат да влезат во првиот круг на моето срце, таа љубов е бескрајна. Но кога го очекувам тоа истото од нив, речиси секогаш се разочарувам. Во животот е најдобро да очекувате одредени работи само од себе и само пред себе да го докажувате сопственото растење, изјави тогаш Долорес.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button