CelebrityНовости

Пред 15 години направи БУМ на Балканот, но покрај брилијантниот старт се повлече од естрадата – денес таа е мајка на пет деца, се сеќавате ли на оваа девојка?

Advertisement

Некогашната пејачка Ива Врчиќ беше атрактивна во 2005 година кога го објави хитот „Skloni je od moga stola” кој и ден денес се пее.

Advertisement

Првиот албум на Ива доживеа голем успег, песните брзо се вртат на српските телевизии и радија, а музичките експерти на неа и предвидоа блискава кариера.

Ива денеска се презива Делафоли, омажена, мајка на пет деца и не живее во Србија.

Во светот на музиката влегла од љубов, но и по советот на своите најблиски кои и го препознале талентот и потенцијалот кој го имала.

Advertisement

– Започнав буквално од забава. Од мала сакав да пеам и првенствено на забавите им пеев на моите дома.

Кога пораснав родителите и мојата фамилија кои имаа многу познаници и пријатели од тој свет ми предложија да снимам албум и ми помогнаа во тоа.

се одеше некако брзо. Дури и пребрзо за мој вкус. Почнав да се појавуавам на телевизии, гостувања во емисии, настапи, но тогаш открив дека сепак сум само девојка која сака да пее, но не сум некоја која сака да биде во медиумите.

Не можев да се навикнам на камеерите, снимањата, шминкањата и се тоа што освен пеење таа работа го носи, бидејши по природа сакам мирен и семеен живот, вака ја започнала својата исповед некогашната пејачка Ива.

– Со неполни 19 години го запознав мојот сегашен сопруг кој тогаш имаше 28 години и во моментот кога се запознавме беше на одмор во Србија, инаку е од Франција. Многу се заљубивме и по 6 месеци тој се пресели во Србија.

– Живееме заедно уште една година и јас останав бремена со нашата прва ќерка. Тоа беше момент кога пресеков и кога сфатив дека работата каква што ја имам и семејство какво што сакам не може да одат заедно бидејќи бев многу отсута поради работата.

Буквално во еден ден решив повеќе дека нема да гостувам и дека ќе се посветам на децата. Се преселивме во Париз и ми годеше тој мир кој го имам. Во меѓувреме добив уште четири деца. Вкупно пет, три ќерки и два сина, објаснила Ива.

Некогашната популарна пејачка вели дека живее мирен и хармоничен живот.

– Откако се омажив, не сум се занимавала професионално со ниедна работа, иако имам многу хоби, а за финсниите се грижи мојот сопруг. Ми недостасува пеењето и музиката, но јавниот живот ни малку.

Естрадата доста ја следам и колегите пејачи, но не сум баш воодушевена од тоа што го гледам. Никогаш не осудувам бидејќи во морето естрадни ликови тешко е да се дојде до израз, без да се рпават скандали, но ни никогаш не сум посакала да бидам дел од тоа. Јас баш сакам мир.

Сакам да излезам да шетам во дуксери и хеланки, без шминка, со пунџа на главата и никој да не ме препознава, зборува Ива.

– И ден денска умеам да ги погледнам моите спотови и да ги слушнам песните. Моите деца постојано тоа го гледаат и нормално, деца како деца, сакаат да имаат мајка позната и да се занимава повторно со музика, но јас и вака водам еден убав живот во кој никогаш не е досадно.

Покрај пет деца е невозможно да ви биде досадно. Многу патуваме, се занимаваме со разни спортови и уживаме во нашиот мал, приватен свет без стрес и камера, завршува Ива.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button