Предпразнична атмосфера и на брод- Ноне покажа магичен амбиент во нејзината кабина
Не е важно каде си кога се ближат новогодишните празници, атмосферата насекаде е магична.
Поранешната пејачка Ноне Неделковска која многумина ја нарекуваат Џебната Венера веќе подолго време работи и живее на брод, но тоа не ја спречи да ја накити кабината и да се почувствува пред новогодишната магија.
Иако е три дена на отворено море, Ноне на малото прозорче постави неколку украси од џуџињата на Дедо Мраз, мало дрво украсено со сијалички и врамена порака на која вели:
„Убавината не е во лицето, убавината е светлина во срцето“ стои во пораката.
Интересен е погледот од малото прозорче, па доколку очекувавте да видите морска шир и сонце, од прозорецот се гледаше под вода.
Поради работата Ноне постојано патува, а има посетено доста егзотични дестинации.
Кога работиш на вакво место природните убавини кои го одземаат здивот се секојдневие, па лесно е да се каже дека Ноне ги споила уживањето и работата во едно.
Ноне изгледа подобро од било кога, а повеќе од очигледно е дека ужива во работата.
Инаку Ноне ја започнала својата музичка кариера со настап на детскиот музички фестивал Златно славејче во 1995 со песната „Каубои смели“.
Учествуваше во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освои второто место, а настапуваше и на многубројни фестивали, но сепак реши музичката кариера да ја стави во мирување и да замине на брод.