Реклама
Наши ѕвезди

Први фотографии од внатрешноста на раскошната jaхта на Бpeна – НЕВЕРОЈАТЕН ЛУКСУЗ вреден преку шест милиони евра

Реклама

Пејачката Лепа Брена и Боба Живојиновиќ уживаат во своето луксузно пловила од преку шест милиони евра.

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Тие ги искористија и овие неколку убави октомвриски денови за да поминат време со своите пријатели на јахтата.

Една од гостинките која максимално ужива во деновите со фолк ѕвездата и нејзиниот сопруг е и Мирјана Антоновиќ, нејзината долгогодишна пријателка која заради судскиот процес со Мирослав Илиќ пристигна од Америка. Таа со познатиот пејач преку суд сака да докаже дека нејзиниот син е и негово дете, нешто што Мирослав со години го негира.

Маркетинг

Токму Мирјана на Фејсбук сподели фотографии кои што ги направи на јахтата од кои можеме да видиме како изгледа однадвор, но и во внатрешноста што воедно е и прв пат да можеме да го видиме и ентериерот.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Просториите се огромни, од спалната до дневниот престој, а екипата на бродот ужива во разни специјалитети.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Луксузната јахта на Лепа Брена вреди преку шест милиони евра и судејќи според фотографиите може да угости доста луѓе.

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Целиот простор зрачи со луксуз каков им доликува на Брена и Боба, а ентериерот изгледа отмено и беспрекорно.

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Во внатрешноста доминираат топли бои, има доста дрво и минималистички украси, кои изгледаат поприлично гламурозно.

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Во еден поголем простор има и мермерна маса, кристални чаши, и прекрасна и широка глетка на морето.

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Кујната исто така е луксузна, а бидејќи Боба е голем гурман, сигурни сме дека и ова место е доста користено.

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

На една од фотографиите се гледа дека некој на телевизорот ја следи популарната турска серија Сулејман Величествениот, а на масата паричник со бројни банкноти од 100 и 500 евра.

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ
Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Една од спалните соби има свој тоалет, а плени и уметничкото дело што го има на ѕидот точно над креветот.

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Како изгледа овој раскош на Брена, погледнете во галеријата…

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Фото: Фејсбук/ Мирјана Антоновиќ

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Фото: Инстаграм/ Лепа Брена

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button