Прва фотографија по породувањето на нашата позната пејачка – „горат“ социјалните мрежи, ќе се изненадите од нејзиниот потег
По повод Денот на мајките, популарната пејачка сподели емотивни фотографии и ја сподели радосната вест.
Атрактивната албанска пејачка Алтуна Сејдиу-Туна на својот Инстаграм профил сподели дека станала мајка по вторпат, а тоа го направи на оригинален начин.
Туна објави фотографии додека сè уште се наоѓа во сала, веднаш по породувањето, а честитки пристигнуваа од сите страни.
Туна и нејзиниот избраник Патрис Бериша, кој исто така е музичар станаа родители на уште еден син кој го доби името Зен.
„Го молев Бога за маж кој засекогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со двајца. Среќен Ден на мајките. Горда мајка на Тиан и Зен“, напиша Туна во описот на фотографиите.
Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели и нејзиниот сопруг Патрис Бериша кој исто така објави фотографија од новородениот син.
Патрис е музичар, а судејќи според фотографиите на неговиот Инстаграм профил и посветен татко, кој обожава да го минува времето со својот син Тиан, а отсега сигурно и со Зен.
Пејачката и претходно велеше дека не може да се насити од улогата „мајка“ и дека ужива гледајќи го својот прв син додека расте.
Сепак бременоста и грижата околу децата не ја спречуваат таа да живее живот од соништата и исполнет со луксуз.
Често споделува фотографии од егзотични места и патувања, брендирана облека, а ги следи и светските модни трендови кога се фотосесиите во прашање.
Туна по теркот на светските пејачки направи и форосесија во поодмината бременост додека беше бремена со Тиан, а организираше и гламурозна забава пред да се роди.
Ова не е првпат да објавува вакви интимни фотографии.
Туна и првиот пат кога се породи објави фотографија од штотуку родениот Тиан во една скопска клиника, а веднаш потоа објави и преслатка фотосесија.
Позната е по тоа што не штеди ни на себе, а ни на децата кога станува збор за нивната среќа па затоа родендените на Тиан, прилегаа на вистинска бајка.
Туна со години е позната на музичката сцена, но повеќе активна е на албанската, додека пак во Македонија се прослави со учеството во музичкото шоу „Плеј-потрага по ѕвезди“.
Таму ја пееше со песната „Најди ден, најди ноќ, најди време“. Сними повеќе песни на македонски јазик, а се натпреваруваше и на националниот евровизиски избор со песната „Прашувам без глас“ пред комплетно да се повлече од македонската естрада.