Реклама
Наши ѕвезди

Прва фотографија на Турунџиева со внучето – ова е нешто што ЌЕ ВИ ГО РАЗУБАВИ ДЕНОТ

Реклама

Македонската пејачка, водителка, професорка по музичко и писателка, Сузана Туруниева е жената која е симбол за храброст и борбеност.

ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук

Турунџиева е една од нашите најубави и најпознати водителки, но зад нејзината успешна кариера стојат години и години макотрпна работа.

Таа на својот Инстаграм и Фејсбук профил споделува мудри и инспиративни мисли, кои предизвикуваат бура реакции од нејзините фанови.

Маркетинг

Мајка е на две прекрасни ќерки, Лора и Матеа.

ФОТО: Лора Наунов Турунџиева / Инстагра

Лора ја доби во бракот со пливачот Александар Маленко, а Матеа во бракот со Маријан Јовановиќ, познат скопски угостител, кој почина пред неколку години.

Маркетинг

Повеќе од една година, Сузана е и горда баба на внукот Јаков. Нејзината ќерка Лора и зетот Филип Наунов во 2019 година станаа родители на своето прво дете, кој е сега најголема радост во семејството и уште една причина за живот на Сузе.

ФОТО: Лора Наунов Турунџиева / Инстагра

Како што кажа Сузе, на свадбата на Лора и Филип имало околу 140 гости.

„Покрај шестчлениот бенд за атмосферата беше задолжен Сефедин Бајрамов, мој многу добар пријател и колега со кого заедно настапував, кумата на Лора – Олгица Христовска, сега Кошутиќ, а зетот Филип и неговите браќа, внукот Бојан и зетот Сашо од Битола заедно пееја“, изјави Сузе.

ФОТО: Лора Наунов Турунџиева / Инстагра

Но, таткото на Лора сепак не бил поканет и не присуствувал на веселбата.

„Маленко не беше поканет, затоа што Лора одлучи така. Воопшто не беше ни предмет на дискусија. Не комуницираме. Кога ќе видиш дека некој човек не е дораснат за улогата на родител едноставно немаш ни зошто да комуницираш“, порача Турунџиева.

ФОТО: Сузана Турунџиева/Фејсбук

Сузана за раѓањето на внукот на оригинален начин објави на Фејсбук.
„Седете мирни, ноќеска ми се случи човекот на мојот живот! Радост невиденааа, да ни е здрав и среќен“, напиша водителката.

ФОТО: Лора Наунов Турунџиева / Инстагра

„За жал не се гледаме многу често, но затоа уживаме во секоја прилика кога ќе ни се даде можност да бидеме заедно.
Дистанците и стравот од можни компликации го направија своето, и сите се трудиме да почитуваме мерки за максимално да исклучиме некаков ризик.

Јаков е единствениот маж кој ми го зароби срцето. Тој ме има „купено“ за цел живот. Неговата насмевка, прегратка, особено неговиот мирис, се најголемиот подарок за мене“, изјави во интервју за Женски магазин Сузана.

ФОТО: Лора Наунов Турунџиева / Инстаграм

По повод Денот на Вљубените, водителката сподели фоторафија на која цврсто го прегрнува Јаков, а во опис напиша: „Љубов“.

Се чини дека малото момче уште долги години ќе остане единствениот маж во животот на Сузе.

ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Лора Наунов Турунџиева / Инстагра

Таа е активна на социјалните мрежи каде често и споделува фотографии од своето семејство.

И покрај сите тешкотии кои ги искусила, Сузе сѐ уште ја има широката насмевка на лицето по која е препознатлива и се обидува да ги мотивира и инспирира и останатите луѓе.

ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук

Во последно време таа е многу актуелна по средбите со хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова.

ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук

Таа на својот Фејсбук профил објави фотографии од посетата на кои се гледа дека се прегрнуваат, пијат кафе и разговараат.

-Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот.

ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук

Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..

Фала ти животе, напиша Турунџиева во опис на фотографиите.

ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук

По извесно време и Атиџе дојде на прошетка во Скопје, каде заедно со Турунџиева направија една обиколка низ градот, а и запејаа заедно.

Тие својата дружба ја овековечија со фотографии и снимки кои Сузана ги сподели на социјалните мрежи.

„Скопје е убаво, ама Бекирлија не ја дава за Скопје“, напиша водителката во опис на фотографиите направени во центарот на градот.

Нивното пријателство се зацрвсти, а според фотографиите кои се нижат на Фејсбук тие не испуштаат момент да не поминат заедно:

ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/ Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button