Реклама
Вести

ПРВА ИЗЈАВА НА ДРАГАНА МИРКОВИЌ ПО ВЕСТА ЗА РАЗВОДОТ! Пејачката во солзи изговори две реченици

Реклама

Веста дека Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ се разведуваат по 24 години брак ја шокираше јавноста.

Двојката се венча во 2001 година, а сега е време да стават точка на бракот и да продолжат сами низ животот.

Таа ја угости екипата на хрватскиот медиум 24sata.hr во замокот во близина на Виена, а на прашањето за разделбата со Тони таа се расплака.

Маркетинг

Драгана МирковиќФото: Принтскрин/инстаграм

Маркетинг

– Ова е многу тежок период за мене, исто како во 90-тите. Поминувам низ многу тежок период, но кога е најтешко, тогаш сум најсилна – рече Драгана и ги избриша солзите кои можете да ги видите на нивната страница.

Како што се шпекулираше минатата година, Драгана и Тони со месеци не живееле на иста адреса, а според српски Телеграф, успешниот бизнисмен животот го започнал со друга жена.

– Живеат на две места…  Постојано се во врска и таа романса трае одамна, како што знаат сите негови блиски луѓе. Беше само прашање на денот кога Драгана ќе одлучи да излезе со официјална изјава бидејќи се стана многу очигледно – изјавил изворот за Телеграф.

 

инстаграм

Да потсетиме, Драгана со следнава изјава ја информираше јавноста дека се разведува од Тони, со кој има две деца – ќерката Мануела и синот Марко:

„Веќе подолг временски период мојот однос со Тони не е повеќе она што беше, а во последните три години ние практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непремостливи разлики, заради доброто на своето семејство и затоа што така сум воспитувана, направив сé за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Но, со време тој јаз стануваше се поголем и сфатив дека поголема штета на своите најмили правиме со тоа што остануваме на сила на нешто што одамна не функционира, отколку да ставиме точка на нашиот брак“, вели пејачката во своето обраќање до јавноста.

Веста дека се разведува од својот долгогодишен партнер ги изненади сите, посебно што пејачката секогаш позитивно зборувала за него.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button