Прекрасно деловно издание на првата дама на Америка
Меланија Трамп заедно со својот сопруг, Доналд Трамп допатуваа во Охајо каде ја посетија детската болница и се обратија пред своите гласачи. И додека претседателот се занимаваше со своите политички должности, првата дама и овој пат ги освои симпатиите на сите со својот прекрасен изглед. Таа овој пат „фураше“ елегантна деловна комбинација сочинета од бело сако и здолниште со потписот на Мајкл Корс, кои убавата Словенка ги комбинираше со црна блуза со бели точки од Сен Лорен. Елегантното бело сако го носеше префрлено лежерно преку рамениците, а целото издание дополнително го подигна со високи потпетици и својата препознатлива волуменизирана фризура. Покрај долгите нозе и беспрекорното тело, здолништето со висок струк во комбинација со кошула која е вовлечена во него, ја истакна тенката половина на Меланија која првата дама многу често и радо ја нагласува со облеката.
Па, големо БРАВО за ова шик издание на Меланија!