Првата дама во Meланија Трамп издание – Комбинација што на многумина ќе им го разубави денот!
Првата дама се појави на настан во розов капут кј е вистински хит оваа сезона.
Елизабета Ѓорѓиевска сака стилизирани и минималистички изгледи, па иако во една пригода изјави дека црната и е омилена боја, често може да ја видиме и во розово кое одлично и стои.
Елизабета Ѓорѓиевска важи за голем хуманитарец и често може да ја видиме на некој настан, а овојпат таа присуствуваше на одбележување на Денот на ретките болести.
Облечена во црна ролка, црни хулахопки и црни потпетици, а целиот изглед го надополни со розов капут кој придонесе за целокупниот впечаток да биде впечатлив.
-Денот на ретките болести нека биде поттик да продолжиме да им помагаме на лицата со ретки болести, во нивната целосна интеграција во општеството.
Човековиот живот нема цена. Ако има надеж дека некој пациент може да се излечи, или неговиот живот да се олесни, државата мора да помогне, независно од цената за таа здравствена услуга-напиша таа на социјалните мрежи.
Елегантна како и секогаш Елизабета е синоним за вистинска дама.
Елизабета Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.
Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.
Елизабета е во брак со претседателот Стево Пендаровски, а во едно интервју за „Репортер“ откри дека со Стево се запознале во едно скопско кафуле преку заеднички пријател, додека таа поминувала низ тежок период, односно нејзината сестра по-чинала, па тој и бил голема поддршка.
Таа објасни дека откако Стево станал претседател тие се трудат да останат исти.
Работи секој ден и прима пациенти, а откри дека заедно со претседателот се обидуваат колку може помалку да користат обезбедување.
-Едноставно ние сме како сите обични луѓе и нема потреба да се прави бука околу нашето присуство или појавување-рече тогаш Елизабета.
\