Празнично во домот на Којиќ – Игор сподели убав момент, па сите прашуваа за Северина!
Игор сам за време на празниците.
Верниците го прославуваат Божик, најрадосниот христијански празник во кругот на своето семејство. Така и познатите личности во својот дом, во семејна атмосфера се прославува празникот.
Многу од нив честитаа Божик и преку социјалните мрежи, а меѓу нив е и синот на Кеба, Игор Којиќ.
Бракот на Северина и Игор со месеци е на стаклени нозе, по пишувањата на медиумите.
Иако тие двајца за својот брак не се огласуваат, очигледно е јасно дека овие празници не ги поминаа заедно.
Којиќ на својот Инстаграм профилот објави фотографија од својот дом, каде се гледа лебчето и житото.
Многумина сигурно се надевале дека во неговите објави ќе биде и Северина, но сепак заедничка фотографија нема за време на празниците.
За потсетување, Пред неколку месеци почна да се шпекулира дека на бракот на пејачката Северина (48) и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33) му дошол крајот.
Дека е тоа така, не може да се каже со сигурност затоа што тие никогаш не се огласија по тој повод, но објавите на социјалните мрежи сведочат низ месеците дека парот е разделен – таа поголемиот дел од времето го поминува во Хрватска, а Игор е во Србија, пренесува „Вечерњи.хр“.
Како што пишува српскиот магазин „Стар“, Северина пронашла нова љубов.
Спомнатиот таблоид тврди дека Северина е во врска со десет години помладиот сопственик на винарија, Томислав Воштиниќ.
Сите се посомневаа дека нешто чудно се случува кога на социјалните мрежи сите од семејството Којиќ, односно таткото на Игор, пејачот Кеба, неговата сопруга Оља и сестрата на Игор, Наташа, престанаа да ја следат Северина на социјалните мрежи. Сите го направија тоа, освен 33-годишниот Игор. За нивниот однос неодамна за српските медиуми проговори и самиот Кеба.
– Не знам каде се ниту пак, знам каков е нивниот однос. Возрасни луѓе се и претпоставувам дека знаат, а и секогаш знаеле што да прават. Од друга страна, сè што прават, си прават себеси – рекол тој.