Празнична атмосфера во домот – еве како славеше градоначалничката на Скопје
Градоначалничката на главниот град покажа со кој го прослави еден од најголемите христијански празници.

Данела сподели семејна фотографија направена во нејзиниот дом.
Македонски економист, активист, политичар, Данела Арсоска ја доби функцијата градоначалник на Скопје по изборите во 2021 година.
ФОТО: Фејсбук / Данела Арсовска
Арсовска има магистратура по економија и извршно образование од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд.
Таа држи низа академски и консултантски позиции во Македонија и на меѓународно ниво, и држела предавања за развојни теми на универзитети и конференции.
ФОТО: Фејсбук / Данела Арсовска
Арсовска течно зборува македонски, англиски, германски јазик, а зборува и бугарски и српски јазик.
Приватно е сопруга и мајка.
ФОТО: Фејсбук / Данела Арсовска
Во повеќе свои интервјуа има истакнато дека нејзиното семејство е нејзин извор за среќа.
Сопругот и синот ѝ се најголема поддршка и заедно имаат поминато и добри денови и тешки времиња, но тоа ги направило уште посилни.
ФОТО: Фејсбук / Данела Арсовска
Градоначалничката е активна и на социјалните мрежи, каде освен објави поврзани со нејзината професија, често споделува и фотографии од нејзиното семејство.
Божик е еден од најголемите христијански празници и секој од нас сака да го помине во кругот на семејството.
ФОТО: Фејсбук / Данела Арсовска
Данела им го честиташе празникот на своите сограѓани и откри кај кој се паднала паричката оваа година.
„Бадникова вечер со семејството, на празничната вечера паричето се падна во домот. Бадник е ноќта на мирот, радоста и сплотеноста. Посакувам здравје, среќа и успех во секој дом“.