Реклама
Наши ѕвезди

По ќерката на Хелена Роза нашиот познат пејач и фрли око на Лила ФИЛИПОВСКА?

Реклама

Морате да се согласите дека на македонската музичка сцена оди сѐ понапред и дека конечно музичарите, композиторите и продуцентите со своите проекти може да застанат рамо до рамо со светските.

Македонскиот пејач Филип Пешевски е младо, кромно момче, кое допрва го очекува огромна популарност. Храбро чекори по својот музички пат, а веќе ги има освоено срцата на публиката, особено на онаа од понежниот пол.

Маркетинг

Со својот глас, но и изглед и шарм тој ги крши женските срца.

Но, сепак, неговиот талент и извонреден глас е пресуден што овој млад пејач ја овои публиката.

Маркетинг
ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм

Со музика започнал да се занимава уште од 13 години, а во 2018 година се преттавил како дебитант на Макфест со песната „Кукло моја несудена“.

Пее повеќе жанрови, но најмногу му лежи поп музиката.

„Кукло моја несудена” е дело на Ванчо Димитров, аранжманот го подготви Никола Автовски, додека пак за текстот беше задолжен најдобриот, Огнен Неделковски. Веднаш по одржувањето на фестивалот оваа песна беше екранизирана во интересен видео спот, за кој што беше задолжена BlackMagic Production. И покрај тоа што веќе подолго време Филип е дел од препознатливиот и популарен бенд “Арија”, ова е всушност неговата прва соло песна.

ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм

Филип за своите видео спотови ги одбира најубавите жени од нашата земја.

Во видео спотот за песната „Без оглед на сѐ“ се појави и ќерката на некогашната водителка Хелен Роза. Кјара Гоља порасна во вистинска убавица, а се разбира убавината ја наследи од својата мајка.

ФОТО: Кјара Гоља / Инстаграм

Иако заедно со семејството живее во Австралија и не е дел од македонскиот џет-сет, Кјара сепак одлучи да се појави во спотот на Филип.

ФОТО: Кјара Гоља / Инстаграм

Таму го претстави целиот свој раскош и бујните облини со кои располага.

Видеото е снимено во Саранда во летен период, па Кјара во бикини дефинитивно сите ги остаи со подзинати усти.

ФОТО: Принтскрин

И Филип не запира овде.

Ико се шпекулираше за неговата соработа со најпопуларната водителка во моментов, Лила Филиповска, сега тоа и двајцата го потврдија.

Иако поради пандемијата многу од пејачите сметаат дека не е исплатливо сега да се вложи во песна и спот, тоа не важи за Филип и Лила.

ФОТО: лила Филиповска / Инстаграм

Лила одлучи повторно да ѝ се врати на музиката. На почетокот на нејзината кариера таа објави неколку песни кои одлично поминаа кај публиката, но потоа одлучи да се посвети строго на водителството.

Таа и Филип ќе снимат дует, а младиот пејач откри дека песната се вика „Тешко мене со тебе“ и снимена е во студиото на Роберт Билбилов. Станува збор за летен хит кој ќе биде освежување во тропските температури.

ФОТО: Лила Филиповска / Инстаграм

Со оглед на професионалноста во сѐ што работат и двајцата, Лила и Филип ќе снимат и видео запис.
Зад изработка на тој спот ќе застане „Томато продукција“.

-Секако дека ќе има и видеоприказна, која никој нема да остави рамнодушен. Некои новинари ме советуваат во спотот да мораме неизбежно да бидеме јас и Лила разголени бидејќи тоа е нешто кое секогаш пали кај публиката, па ќе видиме, ќе размислиме, изјави Филип за „Вечер“/vecer.press.

ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм

Публиката која е жедна за нови македонски хитови со нетрпение очекува оваа песна да биде објавена.
До тогаш останува да уживаме во фотографиите на социјалните мрежи со кои и Филип и Лила ја вжештуват атмосферата.

ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм
ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм
ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм
ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм
ФОТО: Лила Филиповска / Инстаграм
ФОТО: Лила Филиповска / Инстаграм
ФОТО: Лила Филиповска / Инстаграм
ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм
ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм
ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм
ФОТО: Филип Пешевски / Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button