По шест години во исиот фустан – Кејт Мидлтон во издание кое вреска од сексапил
Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, кога во 2012 се појави во лондонскиот „Royal Albert Hall“ на концертот „Our Greatest Team Rises -BOA Olympic Concert“ ги остави сите без здив со своето прекрасно модно издание.
Кејт тогаш носеше долг син фустан од познатата британска дизајнерка Џени Пекам во комбинација со сребрени високи потпетици од Џими Чу, а нејзиното деколте тогаш беше главна тема со денови, бидејќи до тогаш никогаш не носела нешто слично откако е со принцот Вилијам.
Кејт во 2012 година …
Војвотката за свечените настани најчесто избира фустани кои се без деколте или со крајно децентен отвор па затоа тоа беше големо изненадување за сите. По овој настан нејзиниот фустан остана во плакарите цели шест години, се додека војвотката не реши повторно да го облече исиот.
Имено таа на доделувањето на наградите во организацијата „Tusk“ која се одржа во лондонската палата „Whitehall“ се појави во истиот фустан и повторно ги остави сите без здив. Исто како и пред шест години, таа фустанот го носеше со минијатурна сина чанта, но со поинаква фризура – наместо елегантна „пунџа“ овој пат нејзината убава, разбранувана коса е пуштена и нежно паѓа преку рамениците.
Многумина забележаа дека војвотката во последно време изгледа поопуштено на официјалните настани, особено кога е во друштво на принцот Вилијам, па така и овој пат не ја тргаше насмевката од своето лице.