Реклама
Наши ѕвезди

По три години брак се разведува турскиот Бред Пит

Реклама

Познатиот турски актер Киванч Татлитуг реши да стави точка на неговиот брак кој пред неколку години започна во Париз.

Фото: Инстаграм/ Киванч Татлитуг

Поради својот изглед турските медиуми го нарекуваа Бред Пит на Блискиот Исток и важеше за еден од омилените актери меѓу претставничките на понежниот пол. Тој во 2016 година се ожени со стилистката Башак Дизер во Париз но нивната љубов не траеше долго.

Наводно, причината за нивното разделување била во тоа што неговата сопруга тајно на сите начини се обидувала да ја спречи бременоста. Тие иако подолго време се бореле против стерелитетот, произлезе дека убавата Дизер цело време пиела контрацепциски таблети бидејќи не сакала да остане бремена. И тоа го правела без нејзиниот сопруг да знае.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Киванч Татлитуг

Како што пишуваат турските медиуми, познатиот актер размислува да поднесе барање за развод поради ова.

Интересно е и тоа што неговата мајка, Буртен Татлитуг, не присуствувала на венчавката на нејзиниот син во Париз.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Киванч Татлитуг

Тогаш турските медиуми објавија дека таа не можела да дојде поради здравствени причини, но некои нејзини коментари на социјалните мрежи наведоа на тоа дека таа Башак не ја смета за „соодветна снаа“.

Инаку, Киванч по потекло е од Босна и Херцеговина. Во интервју за еден турски медиум тој самит има изјавено дека се уште ги истражува своите корени кои досегаат до Балканот, односно до Босна. Тој земјата на своите предци прв пат ја запозна во 2008 кога за потребите за снимање на последната серија од „Љубов и одмазда“, го посетил Мостар.

Фото: Инстаграм/ Киванч Татлитуг

И покрај тоа што е еден од омилените актери во Турција, важи за крајно скромен и приземјен човек.

Фото: Инстаграм/ Киванч Татлитуг

„Секако дека се сакам себеси, но никогаш не стојам пред огледалото и да се гордеам на одразот во него. Не сум таков. Изгледот е дар од Бога и работа на гените. Сакам мојот талент да зборува за мене, а не убавината, изјави своевремено Киванч во интервју за турските медиуми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button