По теркот на светските ѕвезди- Туна организираше забава за паметење, вакво нешто ретко кој може да си дозволи
Пејачката која пред неколку дена се породи сподели ново видео кое изгледа како оние на филмовите.
Имено Алтуна Сејдиу-Туна доби син на Интернационалниот ден на мајките, а по тој повод таа објави и фотографии на социјалните мрежи и го покажа бебето, но сега сподели виде кое беше снимено во бременоста и покажа дека таа навистина живее живот како на филм.
Туна откри дека правела забава за откривање на полот на бебето, која се случила во месец ноември на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје.
Балони, шеќерна маса, декорации и забава, баш по теркот на светските ѕвезди и Туна го откри полот на бебето на еден екстравагантен и необичен начин. Додека авионот леташе испушти сина боја означувајќи дека Туна ќе стане мајка на уште едно машко.
Целата случка личеше како сцена од некој холивудски филм.
Туна на својот Инстаграм профил сподели дека станала мајка по вторпат, а тоа го направи на оригинален начин.
Туна објави фотографии додека сè уште се наоѓа во сала, веднаш по породувањето, а честитки пристигнуваа од сите страни.
Туна и нејзиниот избраник Патрис Бериша, кој исто така е музичар станаа родители на уште еден син кој го доби името Зен.
„Го молев Бога за маж кој засекогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со двајца. Среќен Ден на мајките. Горда мајка на Тиан и Зен“, напиша Туна во описот на фотографиите.
Инаку, Туна и сопругот Патрис, истот така музичар, го имаат синот Тиан кој овој месец мај наполни 4 години.
Често споделува фотографии од егзотични места и патувања, брендирана облека, а ги следи и светските модни трендови кога се фотосесиите во прашање.
Туна по теркот на светските пејачки направи и форосесија во поодмината бременост додека беше бремена со Тиан, а организираше и гламурозна забава пред да се роди.