CelebrityНовости

Почина Дивна Карлеуша: Болеста ја криеле од јавноста од 2016 година

Advertisement

Дивна Карлеуша почина денеска на 61-годишна возраст во својот дом, по тешката борба со ракот.

Дивна во 2016 година била примена во болница поради проблеми со дишењето и белите дробови кога почнала да кашла крв. Од тогаш почнала нејзината борба со тешката болест.

Advertisement

Дивна Карлеуша беше родена во 1958 година во Словенија, а во Србија остана запаметена како некогашна водителка на „Радио Белград“. Таа се занимаваше со новинарство 33 години. Дивна Карлеуша е мајка на српската пејачка Јелена Карлеуша.

Mајката на Дивна Карлеуша, Дара, не сакала ни да слушне нејзината постара ќерка да се забавува со Здравко Чолиќ, кој во тоа време бил голем шармер.

Дивна Карлеуша била голема љубов на Здравко Чолиќ

Advertisement

Успешната водителка била негова голема љубов, а доколку нејзината мајка не се противела на нивната врска, којзнае што ќе се случело.

Сепак, само еден бил по вкус на нејзината мајка – Драган Карлеуша, во тоа време тапанар од групата „Проарте“. Дивна за него се омажила на свои 19 години и ја родила Јелена. Пред десет години Драган Карлеуша бил еден од првите луѓе на српската полиција.

Во акцијата „Сабја“, меѓу останатите, била уапсена и Цеца Ражнатовиќ, па оттогаш трае и медиумската војна меѓу Јелена и Цеца.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button