Реклама
Новости

Потресна објава на пријателите на Бора Чорба – музичарот ја изгуби битката, сопругата цело време беше со него

Фановите се збогуваат од легендарниот Бора

Реклама

Почина фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, на 4 септември, во 72 година од животот.

Тажната вест ја соопштија членовите на неговата група преку објава на Фејсбук преку нивната официјална страница.

Бора во последните неколку години живееше во Словенија, а почина во болница во Љубљана каде беше примен со силно воспаление на градите.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб

Беше на терапија со антибиотици и кислород, а по неколку дена заради влошена состојба беше ставен на респиратор.

Маркетинг

Тој инаку, долго време се бореше со тешката, па така и пред Нова година имаше слично воспаление на градите кога мораше да го откаже својот настап во Ниш.

Но, за жал, Бора овој пат не успеа да ја победи болеста, а последен пат се појави во јавноста на 1 јули кога го одржа последниот концерт

„Почитувани пријатели, со тага и жалост соопштуваме дека не напушти нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ. Почивај во мир драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ, 01.11.1952-04.09.2024“, пишува во објавата.

Потсетуваме, Бора откако му се влоши здравствената состојба беше приклучен на респиратор, а докторите се бореа за неговиот живот.

Тој од бракот со Драгана Ѓорѓевиќ го доби синот Борис, а со нив живееше и Тамара, ќерката на Драгана од претходниот брак.

Принтскрин/ Пинк

Борисав и Драгана со договор се разведуваат во 2007 година, а Бора и го остави станот во кој што живееја претходно.

По овој брак Бора по втор пат се ожени со дваесет и шест години помладата Александра од Рудник, во 2009 година. Но по четири години и овој брак заврши, а Бора неколку години пред смртта беше во среќен брак со Дубравка со која живееше во Словенија.

Принтскрин

Жената за која Бора ги напишал најпознати стихови

Малкумина знаат дека Бора своите најголеми хитови и ги има посветено на една жена, Билјана Невајда Шевиќ.

Станува збор за една од најбараните манекенки во 70-тите кога ретко кој во Југославија можел да одолее на нејзиниот шарм.

Тие своевремено се забавувале, а Бора лудо бил вљубен во неа. И токму нејзе и се посветени неговите најголеми хитови.

Фејсбук/ Билјана Невајда

„Ти си совршенство без мана, ти се дел од војничките сни, ти си кукла од насловните страни и ти требаат пари“, се едни од најпознатите стихови на пејачот посветени на Билјана.

Но ова не е единствената песна што Бора ја има напишано за неа.

Имено, Билјана и Бора се сретнаа во една емисија каде тој јавно зборуваше дека бил фасциниран од нејзината убавина.

Потоа, по цели 10 години тие повторно се сретнаа, постари и посериозни, и тогаш Бора и кажал дека никогаш не сретнал поубава жена од неа и дека сака да бидат во врска. Но врската траела само шест месеци, а Билјана во една пригода откри дека раскинале затоа што немала потполна доверба во него.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button