Поскапувањети на горивата ништо не и значи- Сани се пофали со нов луксузен автомобил
Познатата фолк пејачка тукушто се врати од Швајцарија веднаш се поднови со автомобил.
Сани Гроздановска важи за една од најпознатите пејачки на нашата фолк сцена, која секогаш плени каде и да се појави.
Таа заедно со уште неколку колеги изминатиот викенд настапуваа во Швајцарија каде приредија вистинско шоу.
Во друштво со кралот на саксофон Ферус Мустафов, кралот на зурлата Џељо Дестановски, Група Круна и Панчо од ДНК заедно настапуваа пред преполна сала каде се пееше и играше, а публиката беше претежно од помладата генерација и судејќи според фотографиите сите уживаа.
Откако се врати од настапот Сани се пофали со нов автомобил и тоа ни помалку ни повеќе марка Мерцедес.
Таа на Инстаграм се пофали со новиот „ѕвер“ а честитки веднаш посчнаа да пристигнуваат од сите страни.
-Со здравје да си ја возам, напиша Сани и позираше во својот нов автомобил.
Инаку Сани важи за една од најбараните фолкери во земјава.
Често е ангажирана со бројни настапи и секаде каде што настапува е преполно до последно место, па не е ни чудо што добро заработува и може да си дозволи нов автомобил.
И покрај тоа што е мајка на две деца Сани може да се пофали со совршена фигура на која може да и позавидат многумина помлади девојки.
Таа често знае да ги изненади своите фанови и со „пикантни“ фотографии под кои секогаш добива голем број коментари и комплименти на сметка на својот феноменален женствен изглед.