Наши ѕвезди

Посебно место за новиот член: Исаура од „Преспав“ го накити домот за празниците – оваа фотографија ќе ве стопи

Македонската актерка со оваа фотографија им ги стопи срцата на своите следбеници.

Advertisement

Исаура покажа како го накитила домот, а посебно место зазема новиот член на семејството.

Актерката Емра Куртишова јавноста ја запозна по улогата на помошничката Исаура во хумористичната серија „Преспав“, која е една од најгледаните во Македонија.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова

На Факултетот за драмски уметности дипломирала во 2009 година, а денес е вработена во Театарот за деца и младинци.

Емра досега има глумено во многу театарски претстави, а може да се пофали и со филмски улоги.

Advertisement
ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова

Со нејзиниот колега, актерот Петар Стојанов заплови во брачните води оваа година, а претходно беа 3 години во врска иако тоа вешто го криеја.

Парот направи и свадба во еден од скопските локали, а на церемонијата присуствуваа многу нивни блиски роднини и пријатели.

ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова

Пред еден месец Емра на свет ја донесе нивната прва ќеркичка Лена.

Актерката ужива максимално во мајчинството, а доказ за тоа се фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи.

Во нејзиниот дом веќе завладеа новогодишната магија и таа одлучи да ја накити елката.

Актерката на Инстаграм се пофали дека важно место на елката има персонализираниот лампион посветен на Лена, а објави фотографија и од малите, слатки рачиња на бебето, па ги стопи сите.

Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова

ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова

ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова

ФОТО: Инстаграм / Емра Куртишова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button