Посебен ден за Андријана Алачки- пејачката сподели досега невидени фотографии и напиша емотивна порака
Познатата пејачка и водителка со емотивна порака за нејзината ќерка.
Иако долго време е на јавната сцена, семејството за неа е секогаш приоритет и никогаш не заборава да им посвети по некоја убава порака или да сподели заедничка фотографија.
Со години наназад познатата македонска и сè уште популарна пејачка Андријана Алачки го работи тв проектот „Вкусот на традицијата“ од каде споделува одлични рецепти и стана вистински професионалец во тоа што го работи.
Таа има две деца, а од пред неколку години стана и баба. Имено Андријана доби внука од нејзината ќерка Грациела.
Гордата мајка на својата ќерка и честиташе роденден на Фејсбук и објави низа фотографии од неа во детството па напиша:
-Среќен роденден на мојата бескрајна љубов, на мојата душа, на мојата убавица Граци
15. март1989 .дојде на свет душата мајкина, белата самовила … немаше посреќна мајка од мене … сонот мој стана јаве.ти благодарам Господе.веќе ништо не беше како порано, не постои „јас“ постои нејзиното височество ,, таа“.првиот плач, солза, чекор, збор … кога таа моја мала принцеза се претвори во изградена личност со цврст карактер, истрајна, доследна, мајка, сопруга, верен пријател.без интереси, без услови … кога зборот и е алтан … умот како универзумот … душата како океаните.да може ćе да собере .таа стана мојот идол … но кога се подготвува бура.таа умее да ги распне своите едра … и да му пркоси на ветрот и невремето … е таква е мојата Граци … среќа мајкина-напиша Андријана и додаде:
-Сине да ти е среќен роденденот.да си ми здрава и жива.да се радуваш на секој нов божји ден заедно со твоето семејство … дај Боже и ти да си толку горда мајка.како јас со тебе.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДУША МАЈКИНА-напиша гордата мајка.
Грациела е слика и прилика на нејзината мајка, па кога и да објават заедничка фотографија повеќе од очигледно е дека својата убавина ја наследила од мама.
Инаку Грациела е во брак со Игор Димовски, кој е добро познат македонски хармоникаш, а се венчаа во 2014 година.
За свадбата на Грациела и Игор се пишуваше многу. Големата свадба имаше над 300 гости, а посебен шмек и дадоа групата „Академци“ и Драган Мијалковски.