Реклама
Наши ѕвезди

Порасна и најмалата ќерка на Миле Кузмановски: Сега е пред важен чекор во животот – се огласи нејзината мајка

Порасна најмалата ќерка на македонскиот пејач, а нејзината мајка откри што ја очекува.

Реклама

Третата ќерка на Миле Кузмановски од септември ќе биде прваче, па нејзината мајка се пофали на Фејсбук.

Без безвремендките хитови на нашата жива легенда не може да помине ниту една македонска прослава.

ФОТО: Фејсбук/Миле Кузмановски

„Крал без круна“, „Не кани ме“, „Роман“ се песните кои ги знаат и стари и млади.

Миле никогаш не бил дел од скандали и афери, и својата кариера ја градел строго со добра музика.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук/Миле Кузмановски

Својот приватен живот не сака многу да го експонира во јавност, но секогаш со гордост и љубов зборува за неговите најсакани.

Трагедијата која го обележа неговиот живот е згаснувањето на животот на неговата сопруга во 2012 година. Тогаш популарниот пејач остана сам со двете ќерки, близначките Јана и Ана.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук/Миле Кузмановски

Плод на љубовта меѓу Јасмина и Миле е нивната заедничка ќерка Ева, која е миленичка во семејството

Пет години по трагедијата тој повторно пронајде среќа и срцето ѝ го подари на Јасмина.

ФОТО: Фејсбук/ Јасмина Кузмановска

Ана и Јана се веќе големи девојки, кои мора да се признае дека се преубави, но ниту една не тргна по стапките на тато.

Малата Ева веќе порасна и од септември ќе биде прваче, а гордата мајка се пофали и на Фејсбук.

„Нашата сирена, среќна, подготвена за новите предизвици – прваче”, стои во описот на фотографијата од малата Ева.

ФОТО: Фејсбук/ Јасмина Кузмановска

ФОТО: Фејсбук/ Јасмина Кузмановска

ФОТО: Фејсбук/ Јасмина Кузмановска

ФОТО: Фејсбук/ Јасмина Кузмановска

ФОТО: Фејсбук/ Јасмина Кузмановска

ФОТО: Фејсбук/ Миле Кузмановски

ФОТО: Фејсбук/ Јасмина Кузмановска

ФОТО: Фејсбук/ Јасмина Кузмановска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button