CelebrityНовости

Пораснала без татко, не завршила школо – тешкиот живот на Маја Оџаклиевска, македонската кралица на забавната музика!

Advertisement

Маја е родена во Скопје во 1952 година.

Advertisement

Нејзините родители ќе се разведат за многу брзо време откако ќе се роди, кога ќе има само два и пол месеци.

Кога ќе наполни девет години заедно со својата мајка заминуваат да живеат во Шведска. Пејачката таму се школувала, но за да и помогне на својата мајка, работела како бебиситерка, а на 14 години, во Шведска паралелно со школото работела и во фабрика за конзерви.

Потоа се враќа во Скопје каде продолжува со средното образование, но заради музиката не го завршува школувањето.

Advertisement

Со пеење започнува уште пред да матурира, а почна да глуми и во Македонскиот народен театар.

Потоа ќе и биде понудена улогата на популарната претстава „Коштана, која што ќе ја одбие бидејќи во тоа време снимала песна „Во облак сонце“, а 1981 година се појавува во култниот филм „Јужна патека“ и за оваа улога во Пула ќе ја добие наградата за најдобра женска улога.

Таа две години претходно, во 1979 година, на Белградската пролет се појавува со песната „Помеѓу нас“, а во 1982 со „Ќе биде сé во ред“, како подоцна ќе биде насловен и нејзиниот албум. Потоа следуваше нејзиниот голем хит „Лиду, лиду“ што настана во 1983 година, па и многу други „Без љубов“, „Сама“, „Повеќе не си мој“, „Далеку од вистината“…

Таа овие години ќе се појави речиси на сите позначајни фестивали на просторите на поранешна Југославија. Каде и да се појавеше, беше во центарот на вниманието, публиката ја обожаваше, и речиси секогаш ја освојуваше наградата за најдобра интерпретација.

Немаше среќа во љубовта

Приватно, Маја немаше среќа во љубовта.

Таа не ретко на своите партнери знаеше да им ги спакува куферите и да ги испрати далеку од својот живот.

Таа има две ќерки, Теа и Андреја, и внукот Лука.

Денес нејзиниот внук кој е болен од аутизам, е нејзиниот свет – таа му е посветена со целото свое битие.

Маја во седумдесеттите беше многу блиска со Здравко Чолиќ. И со Кемо. Можеме да прочитаме од сведоците на тоа време дека кога настапувале заедно, Кемо морал да ја крие зад пердето бидејќи популарниот Чола како млад пеел само за неа и не можел да се фокусира на публиката.

Откако се повлече од јавната сцена, работеше најразлични работи – даваше приватни часови, па дури и чуваше деца.

„Едно време работев и во фирма на мој пријател кој се занимаваше со увоз на половни гуми за автомобили. Во тој момент, тоа беше единствената работа што можев да ја најдам, но имав голем број неплатени сметки што ми создаваа притисок. Што фали? Одвај составувам крај со крај, но така живее огромен број луѓе во оваа земја. Немам проблем да работам било каква чесна работа“, изјави Маја во едно интервју за Пулс пред десет и повеќе години.

Таа денес со внукот живее од својата пензија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button