Реклама
Наши ѕвезди

Поранешното момче на Цеца се гушка со фaтална црнка?! Исплива ФОТОГРАФИЈА на која Богдан е со новата девојка

Реклама

Богдан Срејовиќ фатен со нова девојка

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Поранешното момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ деновиве е виден како се забавува со „мистериозна“ убавица.

Имено, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ на почетокот од годината раскина со момчето со кого беше една година врска.

Маркетинг

Како што тогаш пренесоа медиумите, тие се разделиле пријателски и се уште се во добри односи, а се огласија и со заедничко соопштение:

„Повеќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крај на животот“, се огласија тогаш Цеца и Богдан.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Но како што овие денови објавија медиумите, Богдан наводно повторно запловил во романтична љубов.

Имено поранешниот манекен на социјалните мрежи често споделува фотографии од својот ноќен живот, а сега е фатен во прегратки со непозната црнка за која медиумите веќе шпекулираат дека му е девојка.

Фото: Инстаграм

Фотографијата ја објави манекенката Сунчица Травица, која некогаш беше во врска со Виктор Троицки, а на неа е Богдан и уште две убави девојки, од кои едната очигледно е многу блиска со него. Се уште не е познато која е мистериозната девојката, но бидејќи и таа ја држи неговата рака, многумина се сомневаат дека меѓу нив има нешто.

Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

Инаку, Богдан беше во брак со убавата Зорана Тасовац која сега е во врска со пејачот и блискиот колега на Цеца, Саша Ковачевиќ.

Тие од овој брак ја имаат ќерката Искра, со која Цеца беше во одличен однос додека беа заедно.

Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

Ковачевиќ сега ужива во љубовта со поранешната сопруга на Богдан и важат за пар за кој не се врзуваат скандали.

Тие не се експонираат премногу во медиумите и живеат идиличен живот, а пејачот неодамна откри и дека наскоро би можеле да застанат на лудиот камен. Тој не крие дека тие веќе живеат како да се во брак, но и дека нивната венчавка би била интимна, на егзотична локација далеку од дома.

Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

„Документот не ми е важен, но секако планирам да се оженам“, изјави неодамна Ковачевиќ за „Информер.рс“.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Цеца во „црно“

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button