Поранешниот сопруг на Северина откри каде ќе живее малиот Александар – пејачката ќе може да го гледа само два пати во неделата
Целиот регион зборува за одлуката на судот да и биде одземено старателството на пејачката Северина над незјиниот син

Општинскиот градски суд во Загреб донесе мерка според која синот на Северина Којиќ, Александар Поповиќ, треба да живее со својот татко и дека тој во иднина ќе се грижи за неговото здравје и образование.
Северина има право два пати во неделата од 15 до 20 часот , како и секој втор викенд од сабота во 10 наутро како и недела до 8 навечер да биде со него. Одредено е и со кој Александар ќе биде за празниците, а овој распоред и бизнисменот и Северина треба да го почитуваат.
„Нема зошто ние двајцата да се смириме или не, не сме ни првиот ни последниот пар што бил во врска па ја прекинал. Нашата задача е што повеќе да се занимаваме со нашиот син и подготвен сум на се’ за да го направиме тоа. Ништо не зборувам од позиција на поранешен партнер, туку исклучиво од позиција на родител“, објасни Милан за медиумите.

Инаку, Алксандар се уште не го запознал својот помлад брат бидејќи Милан и неговата партнерка Бојана често патуваат, па досега ретко престојуваат на едно место. Бизнисменот има и обврски заради кои живее и на Кипар, а неговата бизнис империја е изградена во Србија, додека во Хрватска има куќа. Но како што пишуваат хрватските медиуми, тој сака неговиот син да продолжи да оди на училиште во Загреб.
„Секако дека патуваме, како и сите луѓе на овој свет што работат, но добро се организираме и тоа не е проблем. Имам три сина и би сакал сите да одат во исто училиште, а како што стојат сега работите, тоа училиште ќе биде во Загреб“, откри поранешниот сопруг на Северина.