Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал, реши да ја покаже новата девојка?
Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал, предизвика големо внимание кога на социјалните мрежи објави една фотографија
Мустафа Сандал пред неколку дена на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со една таинствена дама на која и се гледа само дел од лицето. Сликата веднаш предизвика море од коментари на социјалните мрежи, па Мустафа по некое време ја избриша.
Според одредени турски медиуми Мустафа по разводот со убавата пејачка решил да сврти нова страна и да продолжи со друга девојка, додека според некои тој е потполно скршен и се уште тагува по Емина.
https://www.instagram.com/p/BpWWOM5ANU_/?utm_source=ig_embed
Тие сметаат дека Мустафа со оваа фотографија само сакал да и врати на Емина заради фотографиите од Садетин Саран, бизнисменот милионер за кој цела Турција шушка дека е во љубовна врска со Емина.
Иако досега никој ги нема потврдено овие вести медиумите веќе неколку недели шпекулираат дека Емина и Садетин се во врска, а во прилог на овие гласини беше и една фотографија која неодамна ја објави Садетин, која исто и тој веднаш ја избриша. Но според медиумите, во прашање беше Емина …