Реклама
Вирално

Поранешниот сопруг мора да и плати на жената 200.000 евра за 25 години домаќински работи – Ивана ќе добива и пензија од него

Реклама

Шпанскиот суд донесе пресуда мажот да и плати на својата поранешна сопруга Иван Морал 200.000 евра како компензација за тоа што таа 25 години вршела неплатена домаќинска работа.

Фото: Унсплаш

Судијката Лаура Руиз Аламинос го пресмета овој износ врз база на минималната месечна професионална плата за сите години што парот ги поминал во брак. Според оваа пресуда, исто така ќе мора да и плаќа на својата поранешна сопруга и пензија од 500 евра месечно, како и по 400 и 600 евра на своите две ќерки, кои сега имаат 20 и 14 години.

Како што вели Ивана Морал, таа со нејзините ќерки останале без ништо по толку години вложување труд, енергија и љубов во семејството. Таа вели дека по разводот не добила никакви финансиски средства, а како што пишува „Inews“. му била поддршка на сопругот во работата и семејството.

Маркетинг

„Никогаш немав пристап кон финансиските работи, се беше на негово име“, вели таа за нејзиниот поранешен сопруг. Тие се заколнале на вечна љубов во 1995 година, а Ивана побарала развод во 2020.

Фото: Унсплаш

Како што беше опишано за време на судењето нејзиниот сопруг додека биле во брак успеал да заработи голема сума на пари.

Тој имал бизнис со теретани и благодарение на истиот купил неколку автомобили лимузини (Порше, Ренџ Ровер и БМВ мотор) како и фарма за маслиново масло од 70 хектара процената на 4 милиони евра.

Маркетинг
Фото: Унсплаш

Но и покрај големото богатство што го имал тој не сакал да продолжи да го плаќа школувањето на својата помала ќерка откако таа наполнила 16 години, заради што таа, иако малолетна, морала да почне да работи.

Кога се венчале, поранешниот сопруг ја замолил Ивана да потпишат договор во врска со нивното богатство. Според овој договор, тој по разводот би го задржал целото негово богатство, додека заедничкиот имот би бил поделен.

Така на Ивана пред оваа пресуда, по разводот и останала само половина од нивната куќа, единственото нешто што тие го имале заедничко.

Марта Фуентес, нејзината адвокатка вели дека Ивана за целото време од бракот му била сенка на својот сопруг.

Таа ги чувала децата и никогаш не побарале помош за тоа, а тој благодарение на тоа можел да продолжи со својата кариера, да се воздигне и да стане некој.

Е сега, ќе треба да и плати за сето тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button