Поранешниот пратеник откри како изгледа еден ден во неговото МНОГУДЕТНО семејство: „Дома е убаво, но не е лесно!“
Поранешниот пратеник со неочекуван потег- еве што реши да работи и дали останува активен член на партијата
После цели 25 години се реши да отвори сопствена фирма и да премине во да работи во реалниот сектор.
Некогашниот пратеник, член на управниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ и секретар за меѓународна соработка на партијата, Владимир Ѓорчев заминува во приватниот сектор.
Тој преку социјалните мрежи се огласи и напиша дека животот оди понатаму, односно реши дека е време за промени.
-Здраво на сите. Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите, напиша тој и додаде:
Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки.
Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму.
Среќа и успеси на сите!!-напиша Влатко.
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев
Сепак иако многумина помислија дека става крај на својата политичка кариера се чини дека не е така во целост.
Тој објави уште еден статус, па појасни дека останува активен член на ВМРО-ДПМНЕ.
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев
-Да нема дилеми: Останувам ангажиран и активен во ВМРО-ДПМНЕ. На терен, во комитетите, со членството … Нема откажување.
Македонија и ВМРО се моите животни определби.
Продолжуваме заедно. Ќе победиме. Да живее Македонија-дополни тој.
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев
Инаку тој е во брак со Сузана со која имаат 4 деца, Марта, Филип, Никола и Катерина.
Влатко во интервју за „Магазин“ откри дека најголема радост, мотив и среќа наоѓа во неговото семејство.
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев
„Дома е Дизниленд. Дома е веселата дружина. Дома се моите штрумфови. Тоа е најубавата улога којашто секој од нас може да ја има. Сите ние сме и другари и пријатели, но улогата на родител мислам дека е незаменлива, не може да се спореди со нешто друго. Дома е убаво, дома е супер, но не е лесно.
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев
Од сè по нешто, но станува збор за мерак. Сите тие прегратки, емоции и прашања. Можеш да бидеш сведок на нивниот живот од првиот ден откако се родиле“, кажа Ѓорчев.
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев
Фото: Фејсбук/ ВладимирЃорчев