Реклама
Наши ѕвезди

Поранешната сопруга на Амар Гиле проговори како им се растурил бракот, a љубовницата откри детали од нивната врска и го закопа

Реклама

Иако за тоа само се нагаѓаше со месеци наназад, Амар Гиле Јашарспахиќ дури неодамна призна дека ставил точна на долгодишниот брак.

Откако оваа информација излезе во медиумите, се огласи и сега веќе поранешната сопруга на победникот на музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Маркетинг

– Амар и јас се разијдовме по мирен пат. Имаме прекрасни години зад себе, како и иснот Дарис кој е нашето најголемо богатство. Знаев за кого се мажам и дека неговата популарност ќе биде проследена со разни медиумски написи на кои не им обрнував внимание, истакна Ена за „Гламур“.

Маркетинг

– Амар е прекрасен татко на нашиот син. Ние двајцата ќе останеме пријатели, какви што бевме и досега – додаде таа, додека Гиле пред камерите на истата емисија се надоврза со зборовите.

– Глупаво ми е кажам било што погрешно за неа зошто таа е мајка на нашето дете. Врзан сум за неа со срцето. Јас и ден денес ја сакам. Би било срамота да кажам дека не ја сакав. Ена е прекрасна жена. И кога не е моја, јас сум љубоморен, вели Амар Гиле.

Наташа Радан која ја споменуваа дека им го растурила бракот на Амар и Ена, проговори за нејзината врска со пејачот.

Амар Гиле и Наташа Радан

– Да, се гледав со него додека бев во брак, но тој беше иницијатор на секое наше гледање, кога ќе дојдеше во Белград, тој мене ми се јавуваше, се гледавме пред и по настапот. Не знам зошто имаше потреба да споменува било каков ПР кој мене ми оставил букет во раце за да се сликам со неа, незнам какви се тие глупости, зошто јас не знаев дека имам ПР. Не ми е јасен, не испрадна фер и коректен кон мене. Јас кон него имав почитување кое тој го немаше кон мене, што и сега го покажа. И тие приказни кои сега ги раскажува, тоа буквално се приказни за мали деца или буквално приказни кои ѝ ги сервирал на својата жена додека беше во брак 4 години. Нема да ги коментирам, тоа не е мој проблем. Се гледавме минатата година, тоа траеше два месеци пред моето влегување во реалното шоу, вели Радан.

– Што се однесува до интимните односи, тоа ќе го кажам поради себе, до тоа не дојде. Откако излегов од „Задруга“ не сме повеќе во контакт, немаме никаква комуникација. Одлучив само сега да зборувам за него, зошто тој ме спомна во неговото последно интервју, па не сакам да излезам бедничка која го прогонувала кутириот мал Амар Гиле Јашарспахиќ, со него сега е завршена секоја комуникација и не сакам повеќе да ме прашуваат за него, заклучи Наташа Радан.

Амар Гиле реагираше на поврзувањата дека бил во врска со реалити ѕвездата Наташа Радан:

– Сите знаеме какви се тие жени. Сите знаеме дека ќе се „залепат за некого за да станат познати и ќе направат се. Змиите не се такви какви што се овие жени. Веќе не знам што им е целта но верувајте дека се подготвени на се“, рече разочарано Амар Гиле.

Разводот на бракот од Ена Сарајиќ и тримесечниот карантин за победникот на „Ѕвездите на Град“ бил тежок период.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button