Поранешната на Кајмакоски сподели емотивен статус, но и неколку фотографии со кои никого не остави рамнодушен
Летото пристигна, а со тоа и горештините од кои многумина побараа спас во базените.
Позната манекенка и модел Кристина Димитриевска деновиве заедно со својот син се разлаува покрај базен, а не ја пропушти можноста да објави неколку емотивни фотографии, но имаше и такви кои „ја кренаа температурата до максимум“.
Познато е дека таа е ултра згодна манекенка, инфлуенсерка и пејачка, но и фитнес инструкторка и ретко мирува.
Во едноделен костим за капење таа заедно со својот син Давид се разладуваше покрај базенот, но имаше и еден куп емоции и прегратки.
„Најголемата животна желба ја држам за рака“ напиша Кристина покрај објавената фотографија на која го прегрнува синот и го држи за рака.
Освен фотографиите со синот таа објави и неколку фотографии сама на кои ја истакна својата фигура која во последно време ја доведе до совршенство.
Димитриевска објави нова фотографија како се лади во базен и за фотката само напиша „Лето е“, а под објавата доби низа комплименти.
Кристина беше во брак со пејачот Даниел Кајмаковски, победникот на“ Х-фактор“ и поранешен македонски евровизиски претставник, а се венчаа во 2016 година, но по неколку години брак во 2019 решија да се разведат, бидејќи како што тогаш објави Даниел, двајцата решиле така.
Давид на почетокот на годинава наполни 4 години, а сега Кристина покажа дека тој пораснал и станал „дечко“.
„Од кого знам за тебе, постојам … само јас и мило мое. Од првиот момент, па засекогаш!“ напиша Кристина на фотографијата на која позира заедно со својот син на неговиот роденден.
Облечена во бел фустан со пердуви Димитриевска изгледаше совршено, како бел лебед!
За Кристина Димитриевска е познато дека обожава само скапи брендови, па неодамна се пофали со чантичка за каква многу девојки може само да сонуваат.
Во прашање е модел од познатиот бренд кој на интернет може да се најде со цена од околу 2830 долари. Чантата е украсена со препознатливото лого на брендот и има златен синџир, а на интернет и во продавниците на познатиот бренд може да се најде со детаљ во црвена и црна варијанти.
Моделот е познат под името „The Victoire“ кој е одличен како за дневни, така и за вечерни пригоди.