Реклама
Вирално

Поранешната министерка отворено прозборе за своето детство: „Јас ја живеев таа стечајско-шнајдерска судбина “

Реклама

Македонската политичарка и поранешна миснистерка за труд и социјала отдкри детали за своето детство.

Поранешната пратеничка Фросина Ременски со емотивен статус раскажа како го поминувала детството и средносколските денови.

Маркетинг

Освен емотивниот статус, таа објави и фотографоија од нејзиниот татко кој почина пред неколку месеци.

„Шнајдерско дете …

Маркетинг

Стечајско дете …

И денес како и пред 25 години се зборува за шнајдерските деца и децата на стечајните работници кои заради алчни газди, префригана политика и мирољубив народ останаа на улица, со тужби во рацете, горчини во душите од тие кои полнеа џебови од туѓа пот и мака.

Тоа е мојата генерација која памети четири-пет збора од тоа време и денес на таа ајдучка политика – стабилизација, приватизација, транзиција, асоцијација, инфлација …“ напиша Ременски во својот статус.

Фото: Фејсбук/ Фросина Ременски

Го живееле тоа време во бунтовништво да се покаже и докаже дека се може со чесност, труд и мака.

Фото: Фејсбук/ Фросина Ременски

„Ја живеев таа стечајско-шнајдерска судбина како средношколец и студент. Заедно со многу деца – мои колеги кои крпеа студентски “буџет”, за да не им зададат маки на и така измачените родители.

Доживеав да се борам и да се изборам неколку илјади стечајни работници да земат минимална пензија за нивниот 25-30 годишен стаж – за тие кои останаа живи. Колку за лекови и огрев. Храна …, се може со малку така викаат“ пишува Ременски.

Фото: Фејсбук/ Фросина Ременски

Поранешната пратеничка се сеќава дека живеела и се школувала од шнајдерската игла на нејзиниот татко.

„Живеев и се школував со шнајдерската игла на татко ми – игла која нижеше надеж, љубов и верба.

Нема дете кое не знае да го цени и вреднува тој труд и мака.

Фото: Фејсбук/ Фросина Ременски

И денес, шнајдерските деца од штипско, паланечко и од други градови ги чекаат со часови нивните мајки и татковци кои боцкаат, шијат и пеглаат за да донесат леб и да платат школарина за децата кои учат за да не работат и да не живеат тука – во земја на префригани политичари и платени олигархиски кукли. Никој повеќе не може да ги лаже и излаже тие деца. Никој!

Има и такви кои не се предаваат во битката против трудовата перверзија во која децата на ајдуците од стечаите и измамите делат “памет, правда и политика” – татини и мамини деца ..“ стои во статусот на поранешната министерка.

Фото: Фејсбук/ Фросина Ременски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button