Поранешната манекенка се пофали со своите нови огромни гради во минијатурно бикини и го „запрепасти“ целиот свет!

Неодамна имаше нов „зафат“ како би го остварила својот сон да има најголеми гради во Велика Британија.

Кети Прајс (44) повторно се пофали и го покажа резултатот од операцијата кога позираше во минијатурен костим за капење.
Таа во вторникот ги спакува куферите и „избега“ на Тајланд за да си ги наполни батериите.
Поранешната манекенка на ова патување замина заедно со својот свршеник Карло Вудс (34) и децата Бени (осум години) и Џет (девет години) кои што ги има од бракот со поранешниот сопруг Киран Хејлер.

Поранешната гламур манекенка го покажа своето тело во оскуден дводелен костим за капење и никого не остави рамнодушен.

Таа во еден момент го подигна и намокрениот горен дел додека позираше, а покрај новото деколте во центарот на вниманието беа и големите тетоважи, но и „новите усни“.

Таа неодамна направи интервенција во Белгија, а како што пренесува „Дејли меил“, нејзината желба е да има најголеми гради на островот.

Таа за овој одмор на Тајланд не штедеше пари и покрај тоа што во 2019 година прогласи банкрот и се уште е задолжена.
Кети на ова патување беше со својот свршеник кој е десет години помлад од неа. Таа се забавува со него откако се разведе од поранешниот сопруг кој го фати како ја изневерува со нивната дадилка.

Инаку Кејт во 90-тите беше една од најуспешните манекенки, а денес е позната по нејзините бројни естетски зафати.

Нејзината природна убавина со која на почетокот од својата кариера го освои светот веќе одамна е минато.
Сé започна кога имаше 18 години и кога прв пат отиде под нож за да ги зголеми своите гради. Девет години подоцна таа не личи на себе, а многу луѓе се шокирани од резултатите на секоја нејзина нова операција.

Денес едноставно не постои дел на нејзиното тело што не е „нашминкан“, а по последниот фејслифтинг, Кети повеќе ни од далеку не е онаа жена што публиката ја познаваше и обожаваше, велат многумина.

Еве како таа изгледаше пред сите „поправки“…
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
Фото: Инстаграм/ Кети Прајс
