Поранешната водителка повторно paспали на социјалните мрежи: „МАЈМУНСКИ не возат до ден денес и си го прифаќаме тоа!“
Поранешната водителка распали на социјалните мрежи.
Поранешната водителка и актуелна инфлуенсерка Миа Костова важи за човек кој секогаш го кажува тоа што го мисли, па така и овојпат.
Не е тајна дека таа е против носење на маски на децата во училиште и некои други протоколи, но по новогодишната вечер таа распали на социјалните мрежи и праша кого треба да го пцуе ако се зарази.
-Бројам кластери ден трети. А чудо некое све нормално тече и никој не збори за тоа дека буквално сите се заразени, дека глупо е да се апелира на вакцинација, сите се вакцинирани а и реално со сертификати грлато пееа на сите предновогодишни и новогодишни журки, напиша Миа и додаде:
„И сега ја ако се заразам, претпоставувам у маркет пошо не сум мрднала од дневна, по кого да пцујам? По вакцинирани или по мерки? Или ич да не пцујам, мајмунски не возат до ден денес и си го прифаќаме тоа“ напиша Миа.
Таа неодамна ја искритикува и новинарите кои без маски позираа со министерот Филипче и сподели фотографија од нејзиниот син додека свири на клавир со маска и фотографија од новинарите со Филипче, па напиша:
-Што фали на горната слика?
За почеток, 22 маски.
Ако ја споредиме со долната, на сите нас ни фали мозок-напиша Миа на Фејсбук, по што следеа низа реакции.
Инаку Миа својата кариера ја започна уште додека беше релативно млада, а тогашната генерација со нетрпение ја чекаше секоја нова емисија на „99 Екшн“, во чиј тим беше и Миа.
Со текот на годините напредуваше и работеше на многу проекти, а последна емисија каде што ја гледавме како водител беше Бекстејџ.
По извесно време одлучи да напраи пауза од малите екрани. Но, тоа не значи дека целосно се откажа од јавната професија.
Таа си најде начин на заработка кој нејзе ѝ одговара многу повеќе. Миа е доста активна на социјалните мрежи, кои ѝ служат за себепромоција, но и за заработка.