Реклама
Опа!

Поранешната Бонд девојка се соблече на 68 години и покажа неверојатно тело – „Сега се чувствувам посекси од кога било претходно“

Реклама

Актерката Џејн Сејмур која на публиката најмногу им е позната по нејзината улога на Бонд девојка (Live and Let Die – 1973) и на докторката Мишел, жената врач во серијата Dr. Quinn, Medicine Woman, за месец дена ќе го прослави својот 68-от роденден, но кога ќе видите како таа изгледа во костим за капење, НИКОГАШ не би и дале толку години.

Таа сподели фотографија на нејзиниот Инстаграм профил на која позира во едноделен костим за капење во сина боја, додека крстари со брод по Хаваите и ги воодушеви обожавателите со нејзината беспрекорна линија.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

„Боже, па ти изгледаш подобро од било кога досега”, „Ти изгледаш фантастично, се надевам дека и добро си поминуваш“, „Прекрасна си, ќе ни ја откриеш ли тајната за твојот убав изглед“, „Јас сум толку љубоморна, посакувам да изгледам како тебе”, ” Дали воопшто старееш?” и порачаа обожавателите под фотографијата.

Џејн инаку на почетокот на минатата година се фотографираше за Плејбој и како подршка за движењето #MeToo, и во таа пригода објасни дека сега се чувствува поатрактивно отколку кога била млада.

„Денес, на 67 години, се чувствувам многу посекси од кога бев помлада, и сето тоа само затоа што се чувствувам добро во своја кожа. Кога сте помлади, постојано се грижите за она што другите ќе кажат за вашиот изглед, па премногу сте оптоварени за да можете да уживате во самите себе. Дојдов до фазата кога веќе не морам да се докажувам, а тоа е чувството што ослободува“, изјави Џејн во таа пригода.

Џејн за Плејбој

https://www.instagram.com/p/Bpz7yRWH2xC/?utm_source=ig_embed

 

Поврзано

Back to top button