Реклама
Наши ѕвезди

Порака од Спасен Сиљаноски што треба секој Македонец да ја прочита – познатиот пејач си кажа што му лежи на душата

Реклама

„Нашето постоење на оваа земја не е случајно, се си има своја мисија. Нашата мисија е ширење на љубов и почитување на божјите заповеди“.

Спасен Сиљаноски важи за човек „без влакна на јазикот“, кој многу директно и искрено го искажува својот став на секоја тема на социјалните мрежи.

Маркетинг

Доста е активен на Фејсбук каде често објавува фотографии, видеа, но и статуси со кои предизвикува бура реакции.

Поради пандемијата коронавирус пејачите повеќе од една година немаат никакви ангажмани и работа, па јавно се жалат на мерките кои ги носи владата. Но, тоа не е случај со Спасен, кој е активен и за време на пандемијата.

Маркетинг
ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук

Спасен потекнува од село Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.

Деновиве тој ги поминува во своето родно село, па од таму објави и фотографија. Бидејќи нема професионални ангажмани, тој си најде нова занимација.

ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук

На Фејсбук објави фотографија на која позира на нива со лопата во рацете.

„Работно утро. На кој му е досадно нека повели кај мене на село, имам доволно лопати за сите“, напиша Спасен.

ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук

Тој исто така јавно се огласи дека ќе ја земе финансиската помош од државата, наменета за музичарите.

„Јас ќе ги земам тие 14.500 денари и не е важно каде ќе потрошам. Можеби ќе дадам на двете деца и сопругата. Односно дали ќе ги потрошам на семејство за леб и млеко или ќе ги испијам во кафеана или ќе ги донирам на некој што воопшто нема, тоа веќе е моја работа.

ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук

Но, јас ќе ги земам зашто во минатото некои милионери и функционери, како што се Мира – Дизел, Силвана Бонева и ред други, земаа стотина илјади евра за патни трошоци, односно земаа околу 150.000, а сите знаеме дека нивните примања се огромни. Како што се огромни и нивните бенефиции, кои ги имаат благодарение на функцијата. Епа ако можат Мира -Дизел и Бонева, можам и јас“ – изјави Силјановски.

ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук

Изминатиот период Спасен предизвика бура реакции откако јавно се пофали дека си купил нови автомобили. Прво објави дека си купил „застава 750“ или Фиќо.

„Се подновив малку, повелете на частење“, напиша тој во опис на видеото на кое покажа дека автомобилот е во одлична состојба.

ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук

Но, по некое време повторно изненади откако покажа дека си купил уште еден автомобил. На Фејсбук сподели фотографија и откри дека си купил „порше“.

„Малку да променам, фиќото го возам само во посебни пригоди“, напиша Спасен.

После оваа објава околу пејачот се крена голема прашина. Некои го критикуваа, а некои му честитаа, но никој не остана рамнодушен.

ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук

Тој не остана покус, па им посвети уште еден статус на „хејтерите“ и оние кои му завидуваат и му го оспоруваат успехот.

„Изминативе два дена постирав две објави на мојот фејсбук профил. Во првиот каде што купувам фиќо, во вториот каде што купувам порше… и двете објави беа пренесени од голем број на портали. За двата случаи се изначитав еден куп коментари од различен карактер“ пишува Спасен и продолжува:

„После овој таканаречен експеримент видов колку народот македонски е полн со омраза, завист, љубомора(со чесни исклучоци) …неможеш да му погодиш никако. Не им чиниш нити ако си сиромав нити ако си богат. Едноставно берат гаље во туѓ двор односно ја бараат раската во туѓото око, а не ја гледаат гредата во своето око.

ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук

На крај она најважното кое што го заклучив е дека народот може се да ти прости освен УСПЕХОТ!!! Патот до Бога е многу трнлив и тежок но затоа крајот е преубав Рај. Патот кон сатаната е исполнет со злато но затоа крајот од тој пат е Пекол.

Јас го поминувам тој трнлив пат откако сум роден, но секогаш чесно и достоинствено, и затоа сум среќен. Среќен што имам прекрасно семејство,среќен сум што имам мирен сон, среќен што имам успешна кариера изградена исклучиво со моја пот без ничија поддршка и горд сум поради тоа.

ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук

Среќен сум што имам лојални пријатели кои и животот би го дале за мене. Среќен сум што секогаш крајот на мојот трнлив пат е пречист и се поблиску до Бога. Во моето срце има место секогаш за сите дури и за оние зло-бните. Нашето постоење на оваа земја нее случајно, се си има своја мисија. Нашата мисија е ширење на љубов и почитување на божјите заповеди.

Заборавете на завиcт, ом-paза, лицемерие, љубомора. Зависта и љубомората на туѓиот успех ке ви донесе само духовен немир, депpecија, и дефокус од вашиот животен пат кој ке го поминете со духовна сиромаштија. Затоа обрнете внимание на вашиот животен пат, живејте го со љубов и добри дела само така ќе го најдете вашиот духовен мир.

ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук

Секој човек на оваа планета има маани, никој не е безгрешен. Тој што бил безгрешен го pacпнале на крст.

Затоа не судете за туѓите маани, ако не можете да ги поднесете едноставно игнорирајте ги бидеќи некој неможе да ги поднесе и вашите маани.

Ако на некој не му се допаѓаат песните на Спасен Сиљаноски, или било кој друг пејач едноставно не ги слушајте, тоа е ваше право и го почитувам тоа. Но нема потреба од навреди и плyкање по mене или моите колеги за нивниот искажан став, за нивната кариера или најмалку за нивниот приватен живот.

За крај ве сакам сите ВИЕ што ќе го разберете овој текст бидете ми здрави и живи, а на вас другите Господ нека ви е на помош… “, напиша Силјановски.

ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сиљаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Силјановски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button