Поради овод детаљ цел свет се смее на ќерката на Доналд Трамп
Најмладата ќерка на Трамп заборави една работа, па поради гафот сега и се смее целиот свет
Семејството на Доналд Трамп отпатува на Флорида за да учествуваат на Денот на благодарноста, а меѓу нив беше и нивната ќерка Тифани. Младата Тифани се облече убаво и изгледаше шик за оваа пригода – носеше преубав асиметричен капут, во тренди розова боја, голема чанта и хулахопки во слична нијанса, додека целото издание го заокружи со чевли со блок потпетици во златна боја. Но на еден детаљ заборави, што острото око не може да го пропушти. Имено, таа заборави да ја тргне цената од своите кондури.
Додека Тифани чекореше со својата сестра Иванка, сите можеа да ја видат и етикетата со цената залепена за ѓонот.
Tiffany Trump Boards Air Force One with Ivanka with Price Tag Still on Her Shoe https://t.co/FBkZZYeDUo pic.twitter.com/980RYOSdYS
Advertisement— LANEWS (@LAdad18) November 21, 2018
По оваа непријатна ситуација поради која се најде во центарот на вниманието во модните магазини, сигурно е дека Тифани следниот пат кога ќе купува нови обувки повеќе пати ќе провери дали цената е одлепена или не.