Поради овие прекрасни модни изданија на Маген Маркл австралиските дизајнери ги трлаат рацете
Меган беше мошне активна во последниот период
Војвотката од Сасекс за само 16 дена имаше 76 официјални појавувања во јавноста за време на нејзината посета на Австралија и Океанија, а за тоа време носеше прекрасни изданија со кои никого не остави рамнодушен.
Но покрај светските познати брендови, таа носеше парчиња со потписот на локални, австралиски модни куќи, до кои повеќето се непознати за пошироката јавност. Британскиот Дејли Меил во ексклузивен разговор со австралиските дизајнери, во чии креации за време на нејзината турнеја се шеташе поранешната 37 годишна актерка и на тој начин ги промовираше, откри како тоа се рефлектираше на работата на овие брендови.
Во прашање се парчиња со потписот на Дион Ли, Карен Џи, Мартин Грант и модниот бренд „Outland“ кои забележаа невиден раст во продажбата, нови Инстаграм пријатели и меѓународна популарност.
Па така брендот „Oroton“ кој во последно време се бори со деловни потешкотии, откако војвотката се прошета во нивната чанта Авалон, се соочи со рапиден раст на продажбата, а според некој тоа ги спаси и од банкрот. Или пак австралискиот дизајнер Мартин Грант во чии креации војвотката беше видена дури три пати за време на нејзината турнеја, исто така имаше огромно зголемување на продажбата.
„Откако Меган Маркл се појави во фустан од ’Dion Lee’, имавме преку 600 барања за нарачка на истиот, додека бројот на следбеници на Инстаграм ни се зголеми за 5 илјади преку ноќ“, изјави портпаролот и на овој австралиски бренд. Исто така нивната официјална страна на интернет беше срушена по енормната побарувачка за истиот фустан, а истото се случи и со белиот фустан од австралиската дизајнерка Карен Џи.