Реклама
Новости

Поминаа три недели откако пoчинa младата самохрана мајка од Тетово – зад себе остави три дечиња

Реклама

Третиот бран на вирусот Ковид 19 во Македонија веќе е во полн ек.

ФОТО: Верица Зафироска / Фејсбук

Како што изјави министерот за здравство Веко Филипче, пикот од третиот бран е зад нас, Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Филипче вели дека станува збор за непредвидлив и подмолен вирус. Ако на почетокот жртви на овој вирус беа само постарите луѓе, денес поради мутациите, тој ги напаѓа и помладите и предизвикува и фатални исходи.

Маркетинг

Скоро секој ден во земјава се регистрираат над 1000 новозаразени, но и над 40 починати лица. Токму поради брзото ширење на мутираните соеви ладата донесе одлука за воведување на полициски час од 20 часот навечер до 05 часот попладне. Целосна забрана за работа добија и угостителските објекти и казината.

Вирусот е фатален и за млади, непредвидлив е и мора сите да внимаваме.

Маркетинг

Пред три недели, самохрана мајка на 3 деца од Теарце ја загуби битката на 38-годишна возраст. Оваа информација на својот Фејсбук профил ја сподели пратеникот Влатко Ѓорчев.

ФОТО: Верица Зафироска / Фејсбук

Неофицијално, жената починала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите, напиша Ѓорчев на Фејсбук.

ФОТО: Верица Зафироска / Фејсбук

„Видете на нејзиниот Фејсбук каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица.

До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2 – 3 часа пред да по-чине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца.

ФОТО: Верица Зафироска / Фејсбук

Почина денес, попладнево, на само 38 години. Ненадејно и одеднаш, во својот дом во Тетово. Пред 2 – 3 месеци преживеа ковид.

Непотврдено, пo-чинала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите. Голема, огромна трагедија и загуба.

ФОТО: Верица Зафироска / Фејсбук

Затоа чувајте се луѓе, затоа што премногу луѓе загубивме. Премногу млади луѓе заминаа.

Верица силно, силно ја сакаше Македонија. Беше голем борец и активист на Унија на жени ОК Теарце и Вмро Дпмне Ок Теарце.

ФОТО: Верица Зафироска / Фејсбук

Ми беше чест што ја познавав Верче долги години. На сите митинзи. Во сите кампањи. Одење по врати, дворови и агитации. Со срце и мотивација.
П
о потекло од патриотско и ВМРО-вско семејство од село Варвара, активна во Теарце, наставничка во с. Копанце (општина Јегуновце), до Тетово и цел Полог. Колку само ја сакаше Македонија…

ФОТО: Верица Зафироска / Фејсбук

Сите ја почитувавме Верче. Сочувство до нејзиното семејство и до најблиските. Вечна и’ слава.

Патувај кон небото, македонска душо. Ние ќе ги продолжиме твоите македонски идеали и ќе бидеме тука за твоите 3 мали ангели што ги остави зад себе“, напиша Ѓорчев.

ФОТО: Верица Зафироска / Фејсбук

Инаку и неговиот татко пред два дена загуби во борбата за живот.

Проф. д-р Анѓелко Ѓорчев падна во длабока кома само две минути по примињето на вакцината АстаЗенека во Ниш. Оваа информација Ѓорчев ја сподели на социјалните мрежи.

ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук

На 28. март рано наутро тргнал во Ниш да се вакцинира. Инаку и тој имал здравствени проблеми, 3 бајпаса и 3 стента. Цели 45 години бил доктор и лекувал илјадници луѓе на Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар во Скопје.
За жал, на 72-годишна возраст проф. д-р Анѓелко Ѓорчев го напушто овој свет.

Тажната вест на Фејсбук ја сподели неговиот син, кој објави и семејна фотографија.

ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук

„Бог да го прости мојот татко Анѓелко Ѓорчев (72). Почина денес, после 11 дена во кома.
Замина тивко и ненадејно. Ќе го паметат неговите деца и внуци, сите кои го сакаа. Многу роднини, пријатели и БЕЗБРОЈ пациенти на кои неуморно им помагаше целиот живот.

Неизмерно, со целото свое битие ја сакаше Македонија. Македонец што беше поканет во врвните светски медицински институции, а секаде, буквално секаде со занос и со МНОГУ љубов зборуваше за македонЦките работи.

Проф. Др. Анѓелко Ѓорчев (19.09.1948 – 07.04.2021) претстојуваше на врвните клиники во САД, Велика Британија и Франција, го викаа да остане таму, му нудеа одлични услови, но неговиот повик беше да го лечи својот народ. Тука, во Македонија.

ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук

Неговата мисија беше да биде народен доктор, да ги запознае македонските градови и села преку кажувањата на неговите пациенти.

Од било која светска клиника, од било кој светски професор, повеќе му значеше убав збор од некој обичен човек. Најголем комплимент му беа ИЛЈАДНИЦИ пациенти, од сите вери и нации, кои одеа кај него затоа што знеаја дека вреди, дека е стручен, дека ќе помогне.

Знаеја дека ќе им помогне, дека кај него вратата е отворена, дека ќе крене телефон, дека ќе запне за секој човек, дека лично ќе појде во сред ноќ да спасува пациент.
Неговата мисија беше како професор да им предава на младите студенти од цела Македонија, да ги учи и подготвува да бидат добри, компетентни доктори.

Збогум тато. Ќе те спомнуваме и ќе се сеќаваме. Таму, горе од небото гледај и чувај ја твојата сакана Македонија. Зборувај со сите македонски кралеви и цареви, со сите наши комити и војводи за кои читаше целиот свој живот.

ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук

Неговиот најголем мерак беше да се ангажира околу неговите внуци, да помага околу нив, да се дружи со нив. Дедо да ги носи во игротека, во зоолошка градина, да ги гледа на фудбал и на балет, да дојде на школската претстава.
Лесна му земја. Многу, многу го сакавме. Почивај во мир тато.

Твојот син,

Владимир Анѓеко Ѓорчев, со сопругата – снаата Сузана и со децата – внуците Марта, Филип, Никола и Катерина, како и ќерката Ирена Ѓорчева“, напиша пратеникот на Фејсбук.

ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук
ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук
ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук
ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук
ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук
ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук
ФОТО: Владимир Ѓорчев / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button