Полицијата го заплени луксузниот мебел од домот на Јанева, а во Кривичниот стигна брза помош – на Катица и се слошило!
По апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева полицијата го изнесе и мебелот од домот на шефицата на СЈО во оставка.
Обвинителството смета дека истиот е набавен од парите кои обвинителката ги набавила со парите од Орце Камчев.
Инаку Катица Јанева во моментов се наоѓа во судот каде се одлучува дали ќе и биде одреден притвор. Токму затоа и екипата на брза помош кја пто пристигна во Кривичниот суд се претпоставува дека дошла да интервенира бидејќи на Катица и се слошило за време на распитот.
Катица Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на бизнисменот Орце Камчев со тоа што под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, а Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја”.
Во јавноста минатата недела излегоа видеоснимки и аудиоразговори како бизнисменот Орце Камчев им дава пари на Боки 13 и Зоран Кичеец, а во еден од разговорите се слуша и гласот на обвинителката Јанева, која му се обраќа на Камчев со зборовите „не се секирај сè ќе биде ок”.