Полека, но сигурно се ослободува од токсичните луѓе – Јоце Панов се огласи на Фејсбук
Македонскиот пејач сподели детали за својот живот.

По повод својот роденден, Јоце се огласи на Фејсбук и предизвика бура реакции.
Јоце Панов потекнува од Штип, а денес живее и работи во Скопје.
ФОТО: Фејсбук / Јоце Панов
За едно од најголемите достигнувања во неговата музичка кариера се смета неговиот прв солистички концерт одржан во Домот на култура „Ацо Шопов“ – Штип, во декември 2007 година.
Со неговиот извонреден глас, насмевка, позитивна енергија и енергичен настап успеа да ја освои публиката од цела поранешна Југославија.
ФОТО: Фејсбук / Јоце Панов
Во изминативе години, кога се настапите во прашање, тој е еден од најбараните пејачи кај нас, но и има и чести гостувања во соседството.
Јоце исто така работи и како професор по музичко во средното училиште „Јоип Броз – Тито“ во Скопје, а со оваа работа започна за време на пандемијата, кога повеќето музичари беа без работа.
ФОТО: Фејсбук / Јоце Панов
На 17 јануари Јоце го прослави својот 42-ри роденден, па по тој повод одлучи да открие какви промени доживеал изминативе години и приватно и професионално.