Реклама
Вирално

Познат алерголог обајснува како коронавирусот ќе биде победен и како се доаѓа до колективен имунитет

Реклама

Српскиот алерголог д-р Саша Миличевиќ, објасни што ќе се случи кога ќе бидат укинати мерките за ограничување на движењето, донесени поради епидемијата од коронавирусот во многу земји во светот како и за тоа колкаво е значењето на колективниот имунитет и што се подразбира под тоа.

– Допрва треба да видиме како ќе изгледа кога животот ќе почне нормално да тече, кога децата ќе тргнат на училиште и луѓето над 65 години кога ќе излезат надвор, изјави тој во интервју за РТС и истакна дека укинувањето на мерките воопшто не значи дека вирусот е победен.

Алергологот напоменува дека евентуалното попуштање на мерките за најстарите граѓани кое би значело нивно излегување надвор, мора да се спроведе многу внимателно.

Маркетинг

– Тие ќе мора да се заштитат со маски и други мерки. Оддалеченоста од два метри тогаш мора апсолутно да се спроведува, зошто тие лица кои биле изолирани не можеле да бидат во контакт со вирусот, рече тој.

Тој во емисијата објасни дека таквите лица ако се најдат во опкружување каде постои некој кој може да е носител на вирус, постои голема шанса да се заразат зошто кај нив не е развиен колективниот имунитет.

Маркетинг

За имунитетот на стадото

Кога е во прашање колективниот имунитет, односно имунитетот на стадото, докторот објасни дека тој се развива кога најмалку 60 до 70 проценти од популацијата ќе стекне имунитет кој некоја болест. Настанува по природен пат, со заразување или со вакцинирање – што е многу подобар, поедноставен и побезбеден начин.

Тој наведе примери од одредени европски земји:

-Тоа што одредени земји како Шведска и Велика Британија се обидуваа да направат, е да дозволат одреден број луѓе да заразуваат и на тој начин населението да стекне имунитет зошто тогаш се смета дека тој вирус не може да пронајде лице кое би било осетливо и преку кое ќе се шири.

Алерголот рече дека овој вид имунитет сигурно веќе се развива во нашето опркужување и 80 отсто од заболените имаат многу благи или никави симптоми.

– Тоа се сите луѓе што не опкружуваат. Ние сакале или несакале постепено се изложуваме на вирусот. Тој процес може подолго да трае и ние не знаеме колку долго ќе трае зошто овој вирус не го познаваме доволно добро – рече тој и порача дека добро е што се воведени мерки за социјално дистанцирање, а не забрани за движење зошто тоа е вистински и подобар пат, заедно со другите мерки вирусот да се држи под контрола.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button