Реклама
Наши ѕвезди

Познатиот фолкер вложи преку 500.000 евра во нов бизнис: Фала му на Господ, јас и моето семејство имаме за леб и се што ни треба

Реклама

Како што пренесуваат медиумите, Дарко Лазиќ, заедно со својот куп решил да започне сериозен бизнис.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Имено, тој сега има сопствена фирма која се занимава со изградба на згради и луксузни апартмани, а самата инвестиција, како што вели популарниот пејач, ќе го чини 300.000 евра.

„Откако започна епидемијата со вирусот корона со кумот случајно дојдов на идеја да започнеме бизнис од кој можеме да заработуваме и во време на криза. Основавме фирма која се вика ‘Изградба Жетиниќ’, па веднаш на самиот почеток ни тргна убаво. Фала му на Господ, не се расфрлав додека траеше најсилниот бран на корона, па моето семејство и јас имаме за леб и се што ни треба. Еве и оваа работа, за среќа, тргна на добро. На Копаоник во моментов нашата фирма гради апартмани, а јас работите на терен ги посетувам два-три пати месечно. Последен пат на градилиштето бев кога на Копаоник бев заедно со синот и Марина, а наскоро ќе одиме повторно таму“ раскажува Дарко и открива дека оваа работа сигурно ќе му донесе добра заработка.

Маркетинг

„Ме радува фактот дека сме ангажирани на неколку локации. Се работи секаде, а овој потфат на Копаоник ќе не чини 300.000 евра. Не е мала сума, но ќе се исплати се кога ќе завршиме со работата“, изјави Дарко за „Српски Телеграф“.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Тој откри дека „Денот на вљубените“ планира да го помине работно, но и дека се радува што неговите колеги полека се враќаат на сцената и почнуваат со своите настапи и тезги.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Гледам дека вирусот корона полека слабее, некако се чувствува олеснување во воздухот. Треба и понатаму да се чуваме, но мислам дека најлошото помина. Веќе најавив некои настапи на Инстаграм, а Денот на вљубените ќе го поминам пеејќи. Имам закажано неколку тезги во Босна и Херцеговина, тоа е со проверена екипа. Работам таму веќе долги години и секогаш максимално сум испочитуван.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Тој потоа додаде и дека навистина му е мило што и неговите колеги започнале со работа. Според него не е лесно 10 месеци никаде да не работите и да ги трошите парите што сте ги заштедиле. „Добро е кога има заштеда, но што да прави оној што вложил во голем проект или има кредити? За тоа никој не размислува, важно сите веднаш ги нападнаа пејачките дека се жалат на секоја ситница“, вели тој.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

„Кога е криза сите треба да си помагаме еден на друг, а не да се омаловажуваме. Кога е тешко, треба да сме луѓе, а оваа криза покажа кој е каков“, заклучува познатиот пејач.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

А еве и неколку фотографии од неговиот одмор во Копаоник.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button