Познатиот македонски пејач со НАЈВАЖНИТЕ ЖЕНИ ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ – тој е богат и среќен човек
Македонскиот пејач сподели фотографија со двете најважни жени во неговиот живот.

Белов ѝ напиша емотивна честитка на својата сакана.
Александар Белов гордо се пофали со своето најголемо богатство.
ФОТО: Инстаграм / Александар Белов
Главниот фаворит во шоуто „Операција триумф“ веќе зад себе има успешна музичка кариера, а неколку години работи и како радио водител.
Повеќе од деценија е заедно со неговата сопруга Јелена, а плод на нивната љубов е ќеркичката Мина.
ФОТО: Инстаграм / Александар Белов
Мина веќе има година ипол и е центар на внимание во целото семејство.
Белов ужива во татковството, а тоа се гледа на неговите фотографии на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм / Александар Белов
Секој слободен момент тој го поминува со своите најсакани и обожава во активностите кои сега ги има со Мина.
Деновиве во семејството имаше прекрасна причина за славење.
ФОТО: Инстаграм / Александар Белов
Јелена славеше роденден, а традиционално, како што прават за секој роденден откако ја имаат Мина, тие позираа заедно во нивниот дом покрај роденденската торта.
„Нека секој следен биде уште поубав, да славиме уште долго заедно. реќен роденден љубов моја“, напиша Белов во честитката.