Познатиот актер повторно ослабна 35 килограми: „Крајно време е да престанам да го правам ова. Во прашање е моето здравје“
Познатиот британски актер Кристијан Бејл покрај неверојатниот талент се истакна и со своите неверојатни физики трансформации.
Но како што пренесуваат странските медиуми, тој одлучи и официјално да престане со праксата на постојано дебелеење и слабеење за своите улоги.
„Постојано повторувам дека завршив со тоа, но сега навистина мислам дека сум готов“ изјави 45 годишниот актер за СиБиЕс.
Имено, тој за сојот најнов филм „Ford vs. Ferrari“ изгуби 35 килограми за да може да го глуми возачот Кен Мајлс.
Но и покај тоа што Бејл се заштити од своите екстремни физички трансформации кои можат да бидат и многу опасни по здравјето, неговиот колега Мет Дајмон изјави дека е воодушевен од неговите методи:
„Се забавував додека го гледав. Има дисциплина на монах бидејќи се трансформираше од Дик Чејни во овој лик. Мораше да изгуби 35 килограми.“
Иако во шега постојано зборуваше дека дебелеењето за улогата на Чејни било едноставно и дека морал да јаде многу пити, актерот за „Вариети“ накратко беше сериозен и изјави дека станува збор за тежок процес.
„Очајно е. Грозно. Ако треба да губите килограми нема ништо друго освен да одите во кревет гладни и да се чувствувате очајно. Дебелеењето пак е друга крајност. Потполно ја губите дисциплината и се прејадувате како луд.“
„Морам да престанам бидејќи ова не е здраво за моето тело. Во четириесеттите сум и ќе биде опасно ако не станам свесен за сопственото здравје“.