Реклама
Наши ѕвезди

Позната српска актерка збecна што младата Македонката беше КРИТИКУВАНА заради килoгpaмите во Ѕвездите на Гранд

Реклама

Голем c*aндaл во Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин / Ѕвездите на Гранд

Во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“, која се емитуваше минатиот викенд, се случи голем c*aндaл поврзан со млада пејачка од Македонија. Во прашање е 22-годишната Сања Тодоровиќ која за својата изведба на песните од Галија и Нашата Беквалац доби шест гласа од жирито, но беше критикувана од претставници на жирито заради својот физички изглед.

Имено, Ѓорѓе Давид предводеше кога се во прашање негативните коментари на сметка на Сања, па и порача дека е недозволиво така да изгледа на свои 23 години.

Маркетинг

„Недозволиво е да си, втора година во натпреварот ‘Ѕвездите на Гранд’, а повторно да дојдеме до истата приказна која може многу да те чини. Ова едноставно не е вкусно, визуелно. Како пејачка, каде си страшна, ти на себе си дозволи… Како да ти кажам.. Мене тоа ме боли, бидејќи ти бев ментор. Јас со тоа не можам да се помирам, со комплетниот аутфит и твојот изглед вечерва. Ти на себе не можеш да си дозволиш на 20 и колку години, толку да не сакаш да водиш сметка! Ти и на пеењето мора да работиш уште“ и кажа Ѓорѓе и додаде:

Фото: Принтскрин / Ѕвездите на Гранд

„Те молам води сметка, затоа што навивам за тебе“, изјави Ѓорѓе на натпреварувачката од Македонија.

Маркетинг
Фото: Принтскрин / Ѕвездите на Гранд

Ваквиот коментар ја paзбecни актерката Исидора Симијовиќ која на Инстаграм го сподели следново:

„Човек од 56 години да зборува на девојка од 23 години дека не е вкусно како изгледа. И ова нормално поминува на телевизија. Мopбиднo“, пишува во објавата, а Исидора на тоа додаде и свој коментар:

Фото: Инстаграм

„Ужac“, напиша актерката.

Фото: Инстаграм/ Исидора Симијоновиќ

Покрај ова, актерката имаше коментар и за Карлеуша:

Фото: Инстаграм/ Исидора Симијоновиќ

„Навистина е тажно и не би смеело да помине само така, да ја навредуваат оваа девојка и девојчињата што би можеле ова да го слушнат гледајќи ги ваквите глупости“, напиша актерката како поддршка за Сања Тодоровиќ.

Фото: Инстаграм/ Исидора Симијоновиќ

Инаку, шармантната Македонка на сцената настапи во дуел со Диана Михајловиќ од Србија.

Фото: Принтскрин / Ѕвездите на Гранд

За разлика од Сања, Диана со песната „Какво тeлo има Селма“ ги крена сите на нозе, а жирито посебно беше воодушевено од нејзиниот изглед. Но таа доби помалку гласови од Сања, а Саша Поповиќ коментираше дека спојот би бил идеален кога – гласот би бил на Сања, а телото на Диана.

Фото: Принтскрин / Ѕвездите на Гранд

Тогаш се надоврза Бекута која кажа дека Сања може да го достигне таквото тeлo, но Диана не може никогаш да го достигне нејзиниот глас.

Фото: Принтскрин / Ѕвездите на Гранд

Ана исто така нагласи дека изгледот е преценет во шоубизнисот, а сличен коментар имаше и Марија Шерифовиќ.

„Се согласувам дека Сања би можела да изгледа многу пoaтpaктивно во склад со годините и пеењето, но на пример Диана, кога би знаела малку подобро да пееш ти би била одлична. Те молам поработи на тоа, не дозволувај мажите да те гледаат само како грам месо, бидејќи тоа не би било убаво“.

Фото: Принтскрин / Ѕвездите на Гранд

Позитивен коментар за неа имаше и Карлеуша. Еве што и порача тогаш екстpaвагантната балканска дива:

„Сања, ти честитам. Ти си топ пејачка, точно е дека мора да ослабнеме и да поработиме на стајлингот. Секој може да ослабнеме и не дозволувај килограмите и недостатокот на енергија да те одвлечат од целта да бидеш ѕвезда. За жал во шоубизнисот жените екстремно се гледаат низ физичкиот изглед и ова е ce* cиcтичкa работа. Во фармерки и маичка може да биде само бpyтална пејачка како Марија Шерифовиќ“, го објасни својот став Јелена Карлеуша.

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button