Позната актерка објави провокативна фотографија и ги изнервира сите бидејќи е многу лош пример за младите девојки (фото)
На крај мораше да им се извини на сите, објаснувајќи дека сакала само да се пошегува и дека не мислела така.
Познатата американска актерка Сара Мишел Гелар (41) објави фотографија на која позира во долна облека. Но тоа не беше проблем, туку нејзиниот коментар со кој сериозно ги налути обожавателите.
„Ќе ја излепам оваа слика на секаде по дома, како потсетник да не се прејадам на Денот на благодарноста“, напиша симпатичната актерка која е најпозната по главната улога во серијата „Бафи, убиецот на вампири“.
https://www.instagram.com/p/BqVMDydnekQ/?utm_source=ig_embed
Но нејзините следбеници на Инстаграм веднаш ја нападнаа и обвинија дека промовира анорексија и булимија.
Не си добар пример за младите девојки, коментираше еден од револтираните обожаватели.
Некои се обидуваа да ја одбранат, коментирајќи дека Сара има право да објави што сака и дека луѓето денес се пречувствителни кога станува збор за килограмите.
https://www.instagram.com/p/Bqc72D3n1AS/?utm_source=ig_embed
Сепак, работите до таа мера избегаа од контрола па актерката на крај беше принудена да и се извини ја јавноста.
Жал ми е што некој погрешно го сфатија мојата смисла за хумор. Секој кој ме познава, многу добро знае дека никогаш намерно не би омаловажувала други луѓе, на било која основа, напиша таа во коментарите.
https://www.instagram.com/p/BqgJ-1XHu2y/?utm_source=ig_embed
Подоцна објави и смешна фотографија на која се обидува да загризе цела мисирка.