Новости

Познатата пејачка откри како ослабела неверојатни 35 килограми за рекордно време: Ова никако не смеете да го јадете!

Advertisement

Пејачката Индира Арадиновиќ Инди со години страда од вишок килограми, кои не можела да ги изгуби. И покрај различните диети, таа не успеала да се ослободи од вишокот, а потоа била подложена на хируршка интервенција.

Српските медиуми откриваат како пејачка Инди за рекордно време ослабела неверојатни 35 килограми, а сега има совршена фигура.

Advertisement

Фото: Фејсбук

Покрај бројните познати личности кои направија операција за намалување на желудникот, на овој тренд не одолеа и Инди, по што имаше опасни компликации.

Advertisement

Имено, на пејачката и е отстранета слезината и ѝ бил вграден бајпас, а познато е дека таа неколку дена се борела за живот.

Фото: Фејсбук

Овој метод за намалување на вишокот килограми е еден од наједноставните, а се повеќе луѓе се подложуваат на операција и покрај тоа што процедурата носи голем ризик.

Самата Инди откри дека од 90 килограми дошла на 55, а планот за исхрана го сподели и со своите следбеници на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝐈𝐍𝐃𝐘 (@indy_ara_indira)

„Бидејќи ме прашувате за јајца, како ги подготвувам и зошто, секогаш подготвувам 3 белки и една жолчка. Исклучиво домашно. Никогаш не ја солам храната. Не сакам сол. Некое сирење, кисело млеко, авокадо или нешто зелено на чинијата. Протеини, за полнење мускули, кои ги изгубив многу при процесот на слабеење. Отидов на операција со 90кг и сега имам 55кг. И многу сум среќна, витална и здрава. И да, не сум толку висока 1,65. Велат отровот се чува во мали шишиња. Пријатно“, напиша Инди.

Фото: Фејсбук

Пејачката денес строго се грижи за својот изглед и начин на живеење, а често ги советува другите и не мотивира да се раздвижиме, да се ​​базираме на здрава исхрана, здрави навики, да не бидеме мрзеливи…

„Јас разбирам дека живееме како што живееме, дека живееме брз живот, дека сме под стрес, но дека не треба да го сквернавиме нашето здравје со некои нездрави и калорични оброци заради кратко задоволство… Или јадете, но трошете се, одете во теретана, трчајте по ливада, пливајте, бис, што и да е“, порача српската пејачка Инди.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button