Познатата македонска пејачка опиша како го поминала земјотресот во Австралија: Мелбурн се тресеше, едвај стигнав до вратата!
Силен земјотрес го затресе Мелбурн, а преплашените жители излегоа на улиците преплашени.
Земјотресот со јачина од 5.9 степени по Рихтер го почувствувала и нашата пејачка Маријана Новачевска, која долги години живее во Австралија.
Таа на Фејсбук објави и фотографија од искршени предмети и напиша дека потресот бил толку силен што едвај можела да дојде до вратата.
„Јак земјотрес во Мелбурн. До толку бев исплашена од звуците, тресењето, паѓањето на сликата од ѕидот, едвај дојдов до вратата. По сè изгледа сум заборавила што е земјотрес“, напиша таа.
Инаку овој земјотрес е еден од најсилните земјотреси забележан во Австралија, а од силниот потрес оштетени се неколку згради.
По силниот потрес следеле уште неколку афтершокови кои биле со помал интензитет.
Инаку Маријана Новаческа, во јавноста позната како дел од дуото Маријана и Росана, долги години наназад повеќе не живее во Македонија.
Маријана многу одамна се пресели во далечната Австралија каде започна целосно нов живот.
Скоро и не постои човек кој не се сеќава на Маријана и Росана, а нивните песни се евергрини кои напамет ги знаат и поновите генерации.
Песните „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ сè уште се вртат на нашите радиостаници.
Но, нивната заедничка кариера заврши тогаш кога Маријана одлучи да си замине од оваа земја. Тогаш Росана продолжи со соло кариера.
Маријана во Австралија се одлучи и за промена на професијата, па се вработи како стоматолог, а често се дружи и со својата колешка Татјана Лазаревска која исто така заедно со својот сопруг Новица се преселија во Австралија.
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска
Фото: Фејсбук / Маријана Новачевска